Бонифациј Монфератски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бонифациј Монфератски (1150-1207 година), маркиз он Монферат (северна Италија), главен водач на четвртиот крстоносен поход, владетел на солунската држава (1204-1207 година).[1]
По четвртиот крстоносен поход и по формирањето на Латинското Царство во Цариград, на територијата на Македонија создал крстоносна држава со центар во Солун. Неговата власт се протегала и на Тесалија, средна Грција и Пелопонез. Поради бугарската опасност од север, бил принуден да ги среди односите со Латинското Царство. На латинскиот император Хенрих I му положил вазална заклетва и му ја дал својата ќерка за жена. Бил убиен во септември 1207 година во заседата што му ја подготвиле Бугарите.[1]