Бомбашки напад на аеродромот Бургас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бомбашкиот напад на аеродромот Бургас се случил на 18 јули 2012 година.
Бомбашки напад на аеродромот Бургас | |
---|---|
Место | Бургас, Бугарија |
Датум | 18 јули 2012 17:23 GMT |
Цел | Аеродром Бургас |
Вид напад | Бомбашки напад |
Мртви | 7[1] (вклучително и атентаторот) |
Според првичните информации, најмалку седум лица загинале и дваесетина биле повредени во терористичкиот напад што се случил околу 17.23 часот на паркинг пред аеродромот во бугарскиот град Бургас. Според извештаите од бугарските медиуми, целта на нападот биле 150 израелски туристи, кои на половина час пред експлозијата долетале од Тел Авив и влегле во три автобуса со кои требало да заминат на црноморското крајбрежје. Меѓу загинатите има Израелци, но и бугарски државјанин.
Според првичните сознанија од очевидци во еден од автобусите влегол бомбаш кој активирал експлозив[2]. Повредените лица веднаш по екплозијата биле пренесени во болницата во Бургас. Четворица од ранетите се во критична состојба. Меѓу повредените има и две бремени жени.
По експлозијата аеродромот во Бургас е затворен за сообраќај, а сите летови се пренасочени кон Варна.