![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f9/Sucre1.jpg/640px-Sucre1.jpg&w=640&q=50)
Боливиска војна за независност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боливиската војна за независност е главниот воено-политички судир помеѓу населението на Боливија и монархистите на Шпанската Империја што резултурал со независност на државата од Империјата. Војната започнала во 1809 година со основањето на владини хунти во Сукре и Ла Пас, по Револуцијата во Чукисака и Ла Пас. Овие хунти набрзо по нивното основање биле поразени и градовите повторно потпаднале под шпанска управа. Мајската револуција од 1810 година донела победа за Буенос Аирес, и тогаш се основала хунта во денешниот главен град на Аргентина, тогашна Обединети Покраини на Рио де ла Плата. Буенос Аирес испратил три воени походи во Чаркас, предводени од Хуан Хосе Кастелји, Мануел Белграно и Хосе Рондо, но сепак на крај монархистите надвладеале. Набрзо овој конфликт се преобразил во герилска војна, војната на републикетите, со што се ослабнала можноста на монархистите да ги зацврстат своите позиции. Откако Симон Боливар и Антонио Хосе де Сукре ги победиле монархистите во северните предели на Јужна Америка, тие се преселиле кон централните делови на континентот. Сукре предводел кампања за ослободување на Чаркас (тогашно име на територијата). Во битките загинал Педро Антонио Олањета, последниот монархистички генерал. Така, на 6 август 1825 година Чаркас или Горно Перу ја прогласила својата независност под новото име - Боливија.
Боливиска војна за независност | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од латиноамериканските војни за независност | |||||||
![]() Портрет на Сукре. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
![]() ![]() | ![]()
|