Болград (украински: Болград; бугарски и руски: Болград; романски: Bolgrad) е мал град во Одеска област во југозападниот дел на Украина, во историскиот реон Буџак. Болград е главен град на Болградскиот реон. Број на жители според пописот од 2015 година - 15.499.
Болград | |||
---|---|---|---|
град | |||
Градското собрание во Болград | |||
Координати: 45°40′2″N 28°36′46″E | |||
основан | 1821 | ||
Површина | |||
• Вкупна | 94 км2 (36 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 75||
Население (2015) | |||
• Вкупно | 15,499 | ||
• Густина | 164,6/км2 (4,260/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски броеви во Украина | 68700—706 | ||
Повик. бр. | +380-4846 |
Историја
Болград бил основан во 1821 година од Бесарапските Бугари, а по наредба на генералот Иван Инзов кого жителите на Болград го сметаат за „Основач на нашиот град“.[1] Болград станал дел од Молдавија во периодот од 1856 до 1859 година, на Романија од 1859 до 1878 година, од 1918 до 1940 година, и од 1941 до 1944 година, пред да биде заземен од СССР, како дел од територијата на Украинската Советска Република, а денес е во рамките на Украина.
Демографија
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1930 | 14.280 | — |
1941 | 10.713 | −25.0% |
2001 | 17.353 | +62.0% |
2011 (est.) | 15.479 | −10.8% |
Во околината на Болградскиот дистрикт најмногу живеат Бугари (околу 61%). Жителите го сметаат градот Болград за неофицијален гчавен град на бесарабискиот историски реон Буџак.
Стопанство
Образование
Средното училиште во Болград „Георги Сава Раковски“ е основано во 1858 година, и е најстаро средно училиште Бугарската преродба.[3][4]
Познати личности
- Абрахам Иванович Мелников 1784-1854), руски архитект, автор на проектот на катедралата „Св. Преображение“ [5]
- Димитар Греков (1847–1901), бугарски политичар
- Данаил Николаев (1852–1942), бугарски генерал
- Георги Тодоров (1858–1934), бугарски генерал
- Микола Шматко (роден 1943), современ украински вајар, професор и сликар (не е роден таму, но живеел во Болград)
- Петро Порошенко (роден 1965), сегашен претседател на Украина
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.