Боинг 747
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боинг 747 или „Џамбо џет“ (англиски: Boeing 747 односно Jumbo Jet) е комерцијален воздухоплов кој долго време беше синоним за големина и престиж во цивилната авијација.
Боинг 747 Boeing 747 | |
---|---|
| |
Намена | патнички авион |
Производител | Боинг |
Прв лет | 9 февруари 1969 |
Во редовна употреба од | 1970 |
Период на производство | 1969 - денес |
Број на произведени летала | 1405 до јуни 2008 |
Производна цена | 747-100 УСД 24 милиони (1967) 747-200 УСД 39 милиони (1976) 747-300 УСД 83 милиони (1982) 747-400 УСД 228-260 милиони (2007)[1] 747-8 УСД 285,5-300 милиони (2007)[1][2] |
Варијанти | 747-100 747-200B 747-300 747-400 747-400ER 747-8I 747SP VC-25 747 LCF |
Првиот Боинг 747 полетал во 1970 година и во следните 38 години беше ненадминат по својата големина. Карактеристичен е по „грпката“ на предниот дел, каде што над патничката кабина се наоѓа пилотската кабина и еден дел од првата патничка класа.
Најголемата варијанта, Боинг 747-400, може да смести до 524 патници, вкупна тежина при полетување од околу 400 000 кг, и максимален долет од 13 500 км. Досега се произведени 1 400 апарати и, со извесни унапредувања, сѐ уште е во производство до денес, во 2008.
Во 2007 најголем патнички авион стана Ербас А380, познат и како „Супер-џамбо“ и со тоа заврши доминацијата на „Џамбо-џетот“.