Бодовна вредност на шаховските фигури
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во шахот, шаховските фигури имаат бодовни вредности кои служат за одредување на стратешката вредност на секоја фигура. Овие вредности се полезни за играчите, и исто така се користат кај сметачкиотшах за сметачот да знае кој потег да во повлече. Пресметувањата на овие вредности даваат само една груба претстава за состојбата на една партија. Точната вредност на една фигура зависи од ситуацијата.
Ова се најчестите вредности на фигурите:
Вредноста на кралот е бесконечна, бидејќи неговото губење значи пораз. Во некои програми за копмјутерски шах, кралот има вештачка вредност од 200 бода – произволна вредност поголема од збирот на вредноста на сите фигури заедно плус позициони фактори. Ова му кажува на сметачот да го вреднува матот повеќе од сите размени и жртвувања.
Сметачите вршат и дополнителни прилагодувања на оваа бодажа во согласност со разните позициони фактори. На пример, тој одзема 1⁄3 бод за удвоени пиони, изолирани пиони и назадни пиони, се додаваат делови од бодови за отворени редови итн. Речиси сите играчи-луѓе ваквото положбено вреднување го прават без бројчени вредности.
Релативната вредност на фигурите се менува како што играта се ближи кон својот крај. Релативната вредност на пионите и топовите се зголемува, додека вредноста на ловците се намалува. Коњот ја губи моќта, а и кралицата донекаде губи сила. Еве некои примери (Албурт и Крогиус, 2005:402-3):
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.