![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d9/%25D0%2591%25D0%25BE%25D0%25B3%25D0%25BE%25D0%25BC%25D0%25B8%25D0%25BB_%25D0%2583%25D1%2583%25D0%25B7%25D0%25B5%25D0%25BB.jpg/640px-%25D0%2591%25D0%25BE%25D0%25B3%25D0%25BE%25D0%25BC%25D0%25B8%25D0%25BB_%25D0%2583%25D1%2583%25D0%25B7%25D0%25B5%25D0%25BB.jpg&w=640&q=50)
Богомил Ѓузел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Богомил Ѓузел (Чачак, Кралство Југославија, 9 февруари 1939 — Скопје, Македонија, 22 април 2021) — македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач. Негова сопруга е македонската писателка Лилјана Дирјан.
Богомил Ѓузел | ||
![]() | ||
Роден | 9 февруари 1939
Чачак, Кралство Југославија (денес Србија) | |
---|---|---|
Починал | 22 април 2021
Скопје, Македонија |
Роден е во Чачак, каде што татко му, Димитар Ѓузелов, работел како гимназиски професор со забрана за враќање во Македонија. По бугарската окупација во 1941 година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел израснал и се школувал. Богомил Ѓузел е поет, раскажувач, драмски писател, есеист - припадник на третата повоена генерација македонски писатели, онаа генерација што се појавува во втората половина на педесеттите години на дваесеттиот век и која со своето дејствување ќе изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската книжевност, придонесувајќи за победата на оние сили кои се бореа за проширување на хоризонтите на творечките слободи и за внесување на македонската култура во Европа и во светот.[1]