Богдево
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Богдево — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Богдево | |
Куќи во селото Богдево | |
Координати 41°44′36″N 20°42′01.5″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Горна Река |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1256 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07008 |
Надм. вис. | 1510 м |
Богдево на општинската карта Атарот на Богдево во рамките на општината | |
Богдево на Ризницата |
Богдево е планинско село, сместено во горното сливо подрачје на реката Радика, на надморска височина од 1.510 м. Селскиот атар зафаќа површина од 11,6 км2.[2]
Селото е поврзано со макадамски пат, како продолжение на асфалтниот пат од Маврови Анови до Врбен, кој понатаму продолжува до селото Кракорница.
Селото се споменува во пописните дефтери од 1467 година, како христијанско село во нахијата Река, каде се регистрирани само 3 семејства. Потоа се споменува во 1536/39 година со 16 семејства и 1 неженет. Во пописниот дефтер од 1583 година, во селото биле запишани 10 семејства и 18 неженети.
Во XIX век, Богдево било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Во периодот по Балканските војни, селото потпаѓа под српска власт.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Во атарот на селото преовладуваат пасиштата со вкупна површина од 594 ха, додека на шуми отпаѓаат 384 ха, а обработливото земјиште е на површина од само 46 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година, Богдево е посочено како село со 50 домаќинства, при што населението го сочинувале 122 жители Албанци со христијанска и 18 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богдево имало 180 жители Албанци со христијанска и 108 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Богдево се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 51 куќа.[6]
Според митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 година, во Врбен имало 21 српска куќа.[7]
Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), христијанското население на селото во 1905 година го сочинувале 126 Албанци.[8]
Во издание на весникот „Дебарски Глас“ од 1911 година е наведена статистика според која селото броело 61 албанска патријаршиска куќа, но селото било зафатено со српската пропаганда.[9]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го забележал Богдево како албанско село.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[11]
Бројот на населението започнал значително да се намалува во втората половина на XX, па така од 139 жители според пописот во 1953 година се намалил на 14 жители во 1994 година.[2]
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Богдево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во Богдево имало 5 жители, сите Албанци. Во селото имало само едно домаќинство и 13 живеалишта.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 288 | 126 | 114 | 139 | 132 | 68 | 47 | 0 | 14 | 5 | 0 |
Како родови во селото се спомнуваат следните: во маалото Поштер (Долно маало), Влчевит (5 к.); маало Бојкут (Бојковско) Андоновит (10 к.); маало Докс, Лошковит (6 к.); маало Профтит (Попово) Николит (4 к.). Муслимани има во маалото Докс. Преданието кажува дека во селото биле двајца браќа, едниот го примил исламот, а другиот останал во православната вера.[17]
Селото влегува во рамките на Општина Маврово и Ростуше, која настанала со спојување на поранешните општини Маврови Анови и Ростуша со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Маврови Анови.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кракорница, во која влегувале и селата Бродец, Кракорница и Ничпур.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Трница, во која влегувале и селата Беличица, Бибање, Бродец, Волковија, Врбен, Грекеј, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Маврово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гостивар.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 487 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[19] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[20]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.