Блендовска Пустина
пустина во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Блендовска Пустина (полски: Pustynia Błędowska) – единствена пустина во Полска и една од петте природни пустини во Европа [1]. Лежи во Шлеското Војводство на југ на Полска, источно од местото Домброва Гурнича. Името го добила по најисточниот дел на овој град, Блендув. Некогаш многу поголема, денес нејзината површина изнесува 32 км2 и постојано се намалува. Сепак сè уште најголема песочна област со природни дини во Средна Европа која не лепи на море.
Блендовската Пустина настанала во средниот век како последица на снижување на подземните води и заради специфичната геолошка структура. Слоевите песок се дебели 40 до 70 метра што го забрзало пресушувањето на земјиштето и изумирањето на шумите на тоа подрачје. Некогаш во Блендовската Пустина се јавувала фатаморгана [2]. Последните години како резултат на човековите дејности и последично растечките нивоа на подводните води, пустината се намалува.
Во текот на Втората светска војна, подрачјето било користено од германските воени власти и нивниот Африкански корпус за тестирање на опремата пред нивното одење во Африка[3].