From Wikipedia, the free encyclopedia
Битолски Ејалет (турски: Manastır Eyaleti) – ејалет на Отоманското Царство. Постоел од 1826 до 1864 година на подрачјето на модерна Македонија, Србија, Албанија и Грција. Понекогаш, по грешка, овој ејалет се нарекува Румелиски[1], како што било името на многу поголем ејалет што претходно постоел.
Битолски Ејалет | |||||
Ејалет на Османлиско Царство | |||||
| |||||
Битолскиот Ејалет во 1850-тите | |||||
Главен град | Битола | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 1826 | |||
- | Укината | 1864 | |||
Во 1826 година, како резултат на административната реформа на султанот Махмуд II од Румелискиот Ејалет, се одделиле Одринскиот и Солунскиот Ејалет, а самиот Румелиски Ејалет бил преобразуван во Битолски Ејалет. Истата година, главниот град на покраината бил преместен во Битола. Честопати постои забуна, погрешно се верува дека Румелискиот Ејалет продолжил да постои.
Задачата на битолскиот паша била да обезбеди османлиско владеење во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Сепак, тоа било тешко да се направи, со оглед на постојаните востанија на Србите и Црногорците. Ситуацијата била тешка и во Албанија.
Во 1828-1829 година, североисточните области на ејалетот, особено Софија, биле окупирани за време на Руско-турската војна.
Во 1846 година, од територијата на ејалетот биле одделени во посебни провинции Видин и Ниш. Во 1864 година ејалетот бил преобразуван во Битолски Вилает.
Основата на економијата било земјоделството. На подрачјето на ејалетот работеле рудници на благородни метали и разни руди. Меѓутоа во 1830-тите и 1850-тите години ејалетот доживеале економска и социјална криза. За износот на даноците собрани во тоа време има малку информации.
Санџаци во ејалетот во средината на 19 век:[2][3]
Управители на ејалетот:[4]
|başlık=
(help); Занемарен непознатиот параметар |erişimtarihi=
(help); Занемарен непознатиот параметар |soyadı=
(help); Занемарен непознатиот параметар |sayfa=
(help); Занемарен непознатиот параметар |ad=
(help); Отсутно или празно |title=
(help)Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.