Бинг Крозби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хари Лилис „ Бинг “ Крозби Џуниор (англ. Harry Lillis "Bing" Crosby; 3 мај 1903 г – 14 октомври 1977) ― американски пејач и глумец. Тој бил прва мултимедијална ѕвезда, и еден од најпопуларните и највлијателните музичари во 20 век во светот.[1] Од 1926 до 1977 година бил на чело во продажба на плочи и заработка од филмски улоги. Бил една од првите светски културни икони.[2] Снимил преку 70 играни филмови и над 1.600 песни.[3][4][5]
Крозби добил Оскар за најдобар глумец за неговата улога во Одејќи по својот пат (1944) и бил номиниран за Оскар за продолжението на филмот, Ѕвоната на Сент Мери. каде го играл истиот лик. Тој бил најголема атракција на кино-благајните пет години по ред, од 1944 до 1948 година.[6] На врвот на неговата филмска кариера во 1946 година, Крозби глумел во три од петте филмови со најголема заработка во годината: Ѕвоната на Света Марија, Сино небо и Пат кон утопија.[6] Во 1963 година, Крозби ја добил првата воопшто награда Греми за глобално достигнување.[7] Тој е меѓу 33-те лица кои имаат три ѕвезди на Булеварот на славата во Холивуд,[8] во категоријата за филм, за радио и за аудио записи.[9] Познат бил и по неговата соработка со Боб Хоуп, со кого заедно глумеле во серијалот филмови „Патот кон...“ од 1940 до 1962 година.