From Wikipedia, the free encyclopedia
Биксант Лизаразу (роден на 9 декември 1969 година, во Сен-Жан-де-Лјуз) — поранешен француски фудбалер, играч од одбраната.
Биксант Лизаразу | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Биксант Жан-Мишел Лизаразу[1] | ||
Роден на | 9 декември 1969 | ||
Роден во | Сен-Жан-де-Лјуз, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,69||
Играчки податоци | |||
Позиција | лев бек | ||
Повлекување | 30 април 2006 (36 години) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1988-1996 | Бордо | 246 | (22) |
1996-1997 | Атлетик Билбао | 16 | (0) |
1997-2004 | Бајерн Минхен | 151 | (7) |
2004-2005 | Олимпик Марсеј | 14 | (0) |
2005-2006 | Бајерн Минхен | 31 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1992-2004 | Франција | 97 | (2) |
* Ажурирано на: 25 април 2012 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Тој играл низ целата своја кариера на позицијата лев бек, а настапувал за екипите на Бордо, Атлетик Билбао, Бајерн Минхен и Олимпик Марсеј. Тој, исто така, настапувал за француската репрезентација со која станал Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000.
Роден во Сен-Жан-де-Лјуз, град во јужниот дел на Франција кој е дел од баскиската провинција Лапурдија, Лизаразу започнал да игра фудбал во Бордо, каде станал професионалец во сезоната 1988-1989 и останал во клубот до 1996. Со тимот од Жиронда ја освоил Лига 2 во 1992 година, а токму тогаш францускиот клуб стигнал до врвот на европскиот фудбал со елиминирањето на Милан во Купот на УЕФА во 1996 година, стигнувајќи подоцна до финалето, каде загубиле од Бајерн Минхен.
По завршувањето на таа сезона Лизаразу преминал во Атлетик Билбао, кој историски отсекогаш имал играчи само од Баскија, односно баскиско потекло.
Меѓутоа, во Шпанија немал многу среќа и одиграл само 16 натпревари, за на крајот од сезоната да се пресели во Бајерн Минхен, тимот во којшто останал 10 сезони, освен за краток период кога се вратил во Франција во Олимпик Марсеј во почетокот на сезоната 2004-2005. Со Баварците бил еден од главните ликови на неверојатната серија на успеси: 6 национални титули, 5 Купа на Германија и четири Лига купа, а на меѓународно ниво: Лигата на шампионите во 2001 и Интерконтиненталниот куп истата година. Во финалето на Лигата на шампионите во 2001 кога Бајерн ја победил Валенсија на пенали, и тој бил еден од изведувачите кој погодиле.
Се повлекол од фудбалот во 2006 година, откако ја освоил шестата титула со Бајерн. Вкупно за Бајерн одиграл 240 натпревари и постигнал 9 гола во Бундеслигата.
Лизаразу има 97 настапи за француската репрезентација во периодот помеѓу 1992 и 2004 постигнувајќи 2 гола. Своето деби го направил на 14 ноември 1992, против Финска. Со триколорите бил Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000, како и победник на Купот на Конфедерации во 2001 година и 2003 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.