Берберски пирати
From Wikipedia, the free encyclopedia
Берберски пирати (или Берберски гусари или Отомански гусари) биле муслимански гусари кои оперирале по бреговите на Северна Африка, а најчесто со седиште во пристаништата во Алжир, Тунис и Триполи. Во Европа оваа област била позната како Берберски Брег, и се однсувало на Берберите. Од Средоземјето, своите активности пополека ги прошириле долж брегот на Атлантикот во Западна Африка и на север до Исланд. Покрај запленувањето на трговските бродови од завојуваните народи, тие почнале да ги напаѓаат европските крајбрежни градови и села, најчесто во Италија, Франција, Шпанија и Португалија, но исто така и во Ирска, Британија,[1] Холандија и Исланд.[2] Главна целта на овие напади било да ги одвратат своите непријатели и да ја наметнат својата моќ во регионот, но и за да заробат робови за арапскиот пазар на робови во Северна Африка. Робовите во Берберија биле од различни етнички групи и вероисповест (христијани, евреи или муслимани).[1]
Терминот „берберски гусари“ обично се применува за алжирските напаѓачи по 16 век, кога зачестиле нападите. Во тој период Алжир станал толку моќен што се отцепил од суверенитетот на Отоманската Империја и веќе не бил администрирана провинција или зависност познати како берберски држави какви што биле Сале (види Сале Роверс) и други пристаништа во Мароко .
Помеѓу 1580 и 1680 година, гусарите заробиле околу 850.000 луѓе како робови, а од 1530 до 1780 година дури 1.250.000 луѓе биле заробени.[1] Историчарот Дејвид Ерл, сепак се сомнева во овие бројки. Некои од овие гусари биле Европејци кои ја смениле верата како Џон Вард и Зимен Дансекер.[2] Хајредин Барбароса и Оруч Рејс, турските браќа Барбароса, кои по барање на Алжир на почетокот на 16 век отишле таму, исто така биле озлогласени гусари.
Во втората половина од 17 век почнала да се намалува гусарската активност на Берберските гусари,[3] бидејќи помоќните европски морнарици почнале да ги принудуваат берберските држави да склучат мир и да престанат да го напаѓаат нивниот брод. Сепак, бродовите и бреговите на христијанските држави кои не биле заштитени со ваков договор продолжиле да бидат цел на напади до почетокот на 19 век. Помеѓу 1801 и 1815 година, имало повремени инциденти, а и две Берберски војни во кои Соединетите Американски Држави, Шведска и Кралството Сицилија војувале против републиката Алжир. По Наполеоновите војни и Виенскиот конгрес од 1814-1815 година, европските сили се согласиле дека треба целосно да ги потиснат берберските гусари.
Тие неколку пати го нападнале Алжир, но биле поразувани до конечниот француски напад во 1830 година, бидејќи целиот алжирски арсенал бил во војна во Наварино, Грција.