возило на британскиот монарх From Wikipedia, the free encyclopedia
Бентли „Државна лимузика“ (англиски: Bentley State Limousine) — автомобил направен од „Бентли“ (Bentley Motors Ltd) за кралицата Елизабета II по повод нејзиниот златен јубилеј во 2002 г.
Производител | Бентли |
---|---|
Период | 2002 2 примерока |
Мотор | 6.750 см3 — двоен турб. „Ролс-Ролс V8“ |
Меѓуос. раст. | 3.844 мм |
Должина | 6.220 мм |
Ширина | 2.000 мм |
Висина | 1.770 мм |
Автомобилот има двоен турбомотор со работна зафатнина од 6.750 см3 и 8 цилиндри. Ова е прилагодена верзија на моделот Arnage R со моќност од 400 кс и момент на сила од 835 Њм. Максималната брзина е ограничена на 210 км/ч.
Лимнузината е за 0,91 м подолга од стандардниот Arnage, повисока за 25,4 см и поширока за 15,24 см. Опремена е со широки врати чии шарки се одзади и се отвораат речиси 90 степени.
Автомобилот е блиндиран, има противмински под, стакло кое издржува пукање од базука и кабина која се запечатува против напад со гас. Овие безбедносни мерки му даваат на автомобилот тежина од 4.000 кг, и тој се движи на зарамнети гуми.
Направени сае само два примерока од овој автомобил — и двата за кралицата и со тоа е уште поредок од легендарниот Ролс-Ројс „Фантом IV“, со само 18 примерока, ексклузивно само за кралски семејства и шефови на држави.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.