Бели дробови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бели дробови (латински: pulmo) — главните органи за дишење кај цицачите и повеќето други ‘рбетници. Тоа се парни органи со розова боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена плевра. Во нив навлегуваат бронхиите каде што завршуваат со алвеоли. Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош.
Кратки факти Бел дроб, Податоци ...
Бел дроб | |
---|---|
Дијаграм на белите дробови со респираторниот тракт, и белодробните лобуси прикажани со различна боја | |
Податоци | |
Систем | Респираторен систем |
Назнаки | |
Латински | pulmo |
Старогрчки | πνεύμων (пнеумон) |
MeSH | A04.411 |
TA | A06.5.01.001 |
Затвори
Основната функција на белите дробови е вдишување на кислород од атмосферата во крвта и издишување на јаглерод диоксид од крвта во атмосферата. При вдишувањето тие се шират, додека при издишувањето се собираат. Размената на овие гасови се одвива во алвеолите. Меѓутоа, белите дробови имаат и некои нереспираторни функции.