Белград (Долни Дисан)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Белград — населба, храм и некропола од римското време во селото Долни Дисан.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Белград“ | |
| |
Местоположба | 41°25′43″N 22°4′56″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долни Дисан |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори
На 3,5-4 километри западно од селото, при обработувањето на земјата се откриени фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. На лозовите површини на агрокомбинатот „Тиквеш“ од Кавадарци, парцела 25А, со длабоко орање е откриено и делумно оштетена некропола што се простира на површина долга 80-100 метри и широка 40 метри. Во средиштето на парцелата се извадени тегули од гробови „на две води“, како и десетина надгробни споменици се работи за гробови со кремирани покојници од I до IV век. Понастрана од нив се извадени плочи од гробови од типот Циста. Што се однесува до населбата, таа се наоѓала на малите височинки околу јужниот раб на плантажите.[1]