From Wikipedia, the free encyclopedia
Безжично општење (безжична комуникација, безжична врска) — начин на пренос на информации на кратки далечини (неколку метри, како кај далечинско за телевизор) или на долги далечини (илјадници или милиони километри за радиокомуникација). Терминот најчесто се скратува само на "безжична (wireless)". Опфаќа повеќе типови на фиксни, мобилни и преносливи уреди, мобилни телефони, персонални планери (PDAs) и безжично поврзување. Како други примери безжичната технологија ги вклучува GPS, далечински управувачи за гаражи и врати, компјутерски глувчиња, тастатури и слушалки, сателитска телевизија и телефони.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Безжичните операции дозволуваат услуги, како што е комуникацијата на големи далечини, која е невозможно или е непрактично да се имплементира кога се користи кабел. Терминот вообичаено се користи во телекомуникациската индустрија и се однесува на телекомуникациските системи(на пр. радиотрансмитерите и примачите, далечинските управувачи, компјутерските мрежи, мрежните терминали и сл.) кои користат некаква форма на енергија (на пр. радиочестота, инфрацрвени зраци, видлива светлина, ласерски зраци, акустична енергија и сл.) кои пренесуваат информации без да се користи кабел. Информациите на овој начин се транспортираат како на мали, така и на големи далечини.
Терминот “безжична” е веќе генерички поим и се користи за да се објаснат комуникациите во кои електромагнетните бранови или радиобрановите (RF) (наспроти употребата на кабли) пренесуваат сигнал преку дел или преку цела комуникациска мрежа. Најчести примери за безжична опрема која се користи денес се:
Безжичните мрежи (различни типови на 2.4 GHz WiFi уреди) се користат за да задоволат најразлични потреби. Можеби најчестата и најприфатената употреба е корисниците на преносливи лаптоп компјутери кои патуваат да можат да се поврзат од различни локации. Друга општоприфатена употреба е за мобилните мрежи кои се поврзуваат преку сателит. Методот на безжична трансмисија е логичен избор за сегменти кои мораат многу често да ја менуваат својата локација. Следниве ситуации најдобро ја оправдуваат употребата на безжичната технологија:
Безжичното општење може да се пренесува преку:
Апликациите може да вклучуваат една кон едно општење „од точка до точка“, една кон општење од една до повеќе точки, емитување, мобилни мрежи и други безжични мрежи.
Терминот безжичен иако е земен како општ поим, сепак треба да се прави разлика помеѓу различните безжични електронски уреди, бидејќи некои од нив можат да работат само на батерии, без никакво кабелско поврзување. Фиксните телефони, на пример, се и во некоја смисла безжични бидејќи информациите се пренесуваат од слушалката до нејзината статична база преку некој вид на безжично општење.
Првиот телефонски разговор во светот преку безжичен телефон се случил 1880 година, кога Alexander Graham Bell и Charles Sumner Tainterго измислиле и патентирале photophone, телефон кој интегрира аудио разговори безжично преку модулирани светлосни зраци (кои се проекции на електромагнетните бранови). Во тоа време сè уште не постоеле единици за производство на електрична енергија, и не биле откриени ласерите па не постоеле практични можности за нивното откритие, кое било дозначително ограничено од интензитетот на сончевата светлина и добрите временски услови. Слично на општењето низ слободниот простор, како медиум, photophone исто така побарувал да не постојат визуелни пречки помеѓу трансмитерот и приемникот. Поминале неколку декади сè додека технологијата на фотофонот не нашла примена во општењето кај војската, а подоцна и во влакнестооптичкото општење.
David E. Hughes, осум години пред експериментите на Херц, со помош на трансмитер, кој бил сличен на часовник, успеал да пренесе радиосигнали преку неколку стотици јарди. Hughes не бил сфатен сериозно и се сметал само како претходник на Maxwell, а неговата работа како придонес за литературата за индукција ("Induction"). Во 1885, T. A. Edison искоритил вибрирачки магнет за индукциска трансмисија. Во 1888, Edison го прикажал својот систем на сигнали и во 1891 година го патентирал овој метод кој користи индукција.
Кога се зборува за историјата на безжичната технологија важно е да се спомне Теоријата за електромагнетни бранови на Heinrich Hertz од 1888 година. Оваа теорија била предвидена во истражувањата од James Clerk Maxwell и Michael Faraday. Hertz покажал дека електромагнетните бранови можат да се пренесуваат низ просторот во облик на прави линии и дека тие можат да бидат примени од експериментални уреди. Тие експерименти не биле изведувани од страна на Hertz. Jagadish Chandra Bose развил уред кој може да детектира безжични сигнали и помогнал да се надгради знаењето за милиметарски долгите електромагнетни бранови. Практичната примена на безжичните радиоврски и технологијата од далечински управувачи е имплементирана од подоцнежни пронаоѓачи, како што е Nikola Tesla.
Терминот безжичен во јавноста се однесувал на термини како радиоприемник или како трансприемник (двојна употреба приемник и трансмитер), утврдувајќи го неговото користење на полето на безжичната телеграфија порано; сега терминот се користи за да се објасни модерната безжична врска како што се безжичните мрежи и безжичниот Интернет. Исто така се користи како генерален синоним кој се однесува на било која операција што се изведува без помош на кабли, како што е далечинскиот управувач, или безжичниот трансфер на енергија, без разлика на користената технологија (на пример, радио, инфра зраци и слично). Гилермо Маркони и Карл Фердинанд Браун се наградени со Нобелова награда во 1909 за нивниот придонес во безжичната телеграфија.
Светлината, боите, АМ и ФМ радио и електронските уреди ја сочинуваат употребата на електромагнетниот спектар. Во Соединетите Американски Држави, честотите кои се слободни за користење во комуникацијата и се јавни, се регулирани од Федералната Комисија за Комуникација. Тие одлучуваат кои честоти ќе се користат и од кого. Во отсуство на таква конторла, може да настане хаос, како на пример ако авиокомпаниите немаат своја честота за користење може какво било мешање на радиобранови на оператори аматери да доведе до оневозможување на пилотите и на нивната способност да го приземјат авионот. Спектарот на безжичната комуникација е од 9 кНz до 300GHZ.
Безжичната технологија може да ја надгради или замени жичената имплементација на сигурносните ситеми во домовите или канцелариските згради.
Можеби најдобриот пример за безжичната технологија е мобилниот телефон и модемот. Овие инструменти користат радиобранови кои му овозможуваат на операторот да може да телефонира од многу локации во светски размери. Може да се користат секаде каде што постои опрема која може да прима и да пренесува сигнали, кои пак ги вклучуваат гласот и податоците од и кон овие уреди.
Wi-Fi е безжична ( local area network) технологија која овозможува преносните компјутерски уреди да се приклучат многу лесно на Интернет Internet. Стандардизирана како IEEE 802.11 a,b,g,n, Wi-Fi достигнува брзина како некој кабелски поврзан интернет Ethernet. Wi-Fi стана сè попопуларен во изминативе неколку години. Некои интернет дистрибутери месечно им наплаќаат на своите корисници, додека други пак започнаа со бесплатно нудење на своите услуги, сè со цел да им се зголеми продажбата на своите производи.
Безжичен трансфер на енергија е процес каде што електричната енергија се трансмитира од изворот до приемникот, кој нема интегриран извор на енергија, без употреба на поврзувачки кабли.
Со цел да се задоволат незадоволните корисници поради многуте кабли на нивните компјутерски единици, многу производители на компјутерски додатоци сè повеќе се ориентираат на употребата на безжичната технологија. Првично овие единици се состоеле од масивни и ограничени кабли кои ги поврзувале компјутерот со тастатурата и глувчето, за разлика од поновите генерации кои користат мали висококвалитетни уреди, повеќето со вграден Bluetooth. Безжичните уреди имаат побавен интервал на одговор, за разлика од жичените уреди, иако тој интервал сè повеќе се намалува. Првичните загрижувачки факти во врска со безбедноста на безжичните уреди се надминуваат со развојот на технологијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.