From Wikipedia, the free encyclopedia
„Бегство“ (англиски: The Getaway) - американски филм од 1972 година, во режија на Сем Пекинпо, според сценариото на Волтер Хил, засновано врз романот на Џим Томпсон. Главните улоги ги толкуваат: Стив Меквин, Али Мек Гро, Бен Џонсон, Бо Хопкинс, итн. „Бегство“ бил еден од најпопуларните криминалистички филмови во 1970-тите којшто требало да го режира Питер Богданович, но по желба на Меквин режисерското место му било доделено на Пекинпо, кој го збогатил филмот со својот режисерски темперамент, со динамичната режија и монтажа и со неконвенционалниот третман на ликовите и на дејството. Во 1994 година била направена нова верзија на филмот, режирана од Роџер Доналдсон, а во која главните улоги ги играле Алек Болдвин и Ким Бејсингер.[1]
За да го пуштат пред време од затворот, Док (го игра Меквин) бара од својата сопруга Керол (ја игра Мек Гро) да интервенира кај банкарот и политичарот Бенјон (го игра Џонсон), кој е член на комисијата за условни помилувања. Бенјон успева да му помогне, но од Док бара услуга - да изведе еден грабеж. Док се согласува и ја завршува задачата со помош на Керол и на уште двајца криминалци, но еден од нив си има свои планови. Док и Керол мора да бегаат кон мексиканската граница, а ги гонат полицијата и луѓето на Бенјон. Истовремено, Док го измачува прашањето: Како Керол успеала да го добие помилувањето од Бенјон...[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.