![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/13/D%25C3%25A4umling.jpg/640px-D%25C3%25A4umling.jpg&w=640&q=50)
Бајка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бајка или сказна — вид кратка приказна што обично содржи фолклорни измислени карактери, како што се самовили, гоблини, тролови, џуџиња, џинови, сирени или гномови, и најчесто магии. Приказните може да се разликуваат според фолклорното раскажување, како што се легендите (кои генерално вклучуваат верба во опишаните настани) и експлицитни морални приказни, вклучувајќи басни за ѕверови. Во помалку технички контекст, терминот се користи и за опишување на нешто обвиено во невообичаена среќа и радост, како „крај на некоја бајка“ (среќен крај)[1] или „романтична бајка“ (макар што сите бајки не завршуваат среќно). Во културите каде демоните и вештерките се сметаат за реални, бајките може да преминат во легенди, каде раскажувањето и од раскажувачот и од слушателите се поприма како заснована историска вистина. Сепак, за разлика од легендите и еповите, тие обично многу површно упатуваат на религијата и на вистинските места, луѓе и настани; се случуваат во „си било некое време...” а не во некакво реално време.[2]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/13/D%C3%A4umling.jpg/640px-D%C3%A4umling.jpg)