Бачка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бачка (српски: Бачка; унгарски: Bácska) ― географско-историска област во рамките на Панонската Низина која се граничи со реката Дунав на запад и југ, и со реката Тиса на исток. Поделена е меѓу Србија и Унгарија. Поголемиот дел од областа се наоѓа во АП Војводина во Србија, а Нови Сад, главниот град на Војводина, се наоѓа на границата помеѓу Бачка и Срем. Помалиот северен дел од географската област се наоѓа во Округот Бач-Кишкун во Унгарија.