From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипертироидизам или Базедова болест е едно од најчестите нарушувања на штитната жлезда и најчеста причина за појава на хипертирозапри која штитната жлезда излачува преголема количина на хормонот тироксин. Кога се потврди дека навистина се работи за базедова болест, лекувањето е доста едноставно. Во некои случаи базедоовата болест исчезнува по неколку месеци или години. Меѓутоа ако не се лекува, може да предизвика и многу сериозни последици, па дури и смрт.
Базедова болест | |
---|---|
Тријодотиронин (T3, на сликата) и тироксин (T4) — обете облици на тироиден хормон. | |
Специјалност | Ендокринологија |
Наречена е по нејзиниот откривач, германскиот лекар Карл фон Базедов (1799-1854).
Ако имате температура, возбудени сте или делирични, пулсот ви е забрзан. Постои можност да чувствувавате симптоми на тиретоксична криза, нарушување при кое превисоко ниво на туроксин предизвикува потенцијално смртоносна болест.
Хормоните што ги лачи штитната жлезда управуваат со метаболизмот, односно влијаат врз брзината со која организмот ја претвора храната во енергија. Брзината на метаболизмот директно е поврзана со количеството на хормонското „гориво“ кое кружи во крвотокот. Во случај на базедова болест нарушувањето на имунолишкиот систем во организмот предизвикува абнормални противтела, одбранбени белковини кои ги имитираат хемиските пораки на хипофизата. Поттикнати од овие сигнали штитната жлезда излачува поголемо количество на тироксин. Наследните и другите фактори сигурно имаат голема улога во евентуалната зголемена склоност кон ова заболување. Истражувањата покажале дека ако еден близнак е заболен од базедова болест, другиот близнак да заболи е речиси 50%. Исто така жените заболуваат повеќе од мажите. Тегобите на очите-најчесто во облик на воспаление и отечени очни мускулни ткива - кои потоа доведуваат до испупченост на очните јаболка.
Пациентите имаат симптоми усогласени со хипертироза. Штитната жлезда може да се палпира. Низок TSH и висок слободен T4. Доколку TSH е < 0,1 и слободен T4 е нормален, направете испитување за слободен Т3 за хипертироидизам. Доколку TSH е под нормалните вредности, но двата слободни T4 и T3 се нормални и пациентот има супклинички хипертироидизам. Тироидните параметри треба да се проверат за три месеци. Ако TSH е лесно намален (0,1 - 0,4 mU/l) и пациентот нема симптоми набљудувањето е доволно. Пациентот се префлрува на специјалист за процена ако TSHе <0,1 mU/ и пациентот е постар од 60 годишна возраст. Пациентот има струма, симптоми на хипертироидизам, атријална фибрилација или некое друго срцево заболување.
Испупчените очни јаболка се симптом на Базедовата болест. Кога ткивото кое ја покрива очната празнина ќе се воспали и отече, очните јаболка се испупчуваат. Ова нарушување се нарекува егзофталмус. Ако капаците неможат да го покријат целото очно јаболко, окото станува суво и надразнето. Долготрајното воспаление може да ги ослабне очните мускули и подвижноста на окото и да доведе до нарушувања на видот.
Сите пациенти треба да се третираат до еутриоидна состојба со антитироидни лекови(може да се почнат во примарната здравствена заштита).Стратегијата за третман се прави од специјалист и може да се состои од:
Изборот на третман зависи од големината на штитната жлезда, поранешна штитна хирургија, очни симптоми, бременост и доење, возраста на пациентот и од присуство на други тешки заболувања. Долготрајна антиштитна терапија и третман со радиојод се добра алтернатива кога штитната жлезда е мала. Хируршка интервенција се прави доколку штитната жлезда е голема (ннд-B). Третманот со радиојод може да ја влоши очната болест. Кај хиперактивна (токсична) мултинодуларна жлезда, не може да се очекуваат трајни резултати од третманот со антитироидни лекови. Пациент со лесен хипертироидизам и со добра општа состојба може веднаш да почне со радиојод и со бета-блокатори; другите пациенти мораат прво да се доведат до еуштитна состојба со краткотраен антитироиден третман со лекови. Базедовата болест е самоограничувачка. Кај токсична нодуларна струма, не се очекува резултат од постојан третман.
Бета-блокатори (ннд-B)
Тиростатска терапија (најчесто carbimazole 15–20–30 mg поделено во две дневни дози)може да се дава сам или пожелно е да биде комбинирансо бета-блокатор.Важно е да се предупреди пациентот за можноста за агранулоцитоза: да побара медицински совет ако се појави треска или гушоболка, а во тој случај треба се контролираат леукоцитите. Основна крвна слика и тироидни параметри се контролираат по еден месец ако пациентотне е препратен на специјалист.
Алтернативните начини на лекување, по правило служат како дополнување на конвенционалните начини на лекување кои настојуваат директно да го ограничат производството на тироксинот. Некои од алтернативните начини на лекување ја олеснуваат тегобата поврзана со симптомите на Базедовата болест, а другите се обидуваат главно да ја подобрат правилната работа на штитната жлезда.
За намалување на симптомите обидете се со тинктура која содржи 4 дела волчи нозе (Lycopus spp.) 2 дела обичен срченик (Leonorus cardiaca), 2 дела скутеларија (Scutellaria lateriflora) и 1 дел црвен глог (Crataegus laevigate). Земајте ја оваа тинктура трипати на ден.
Откако начинот на отчукување на срцето ќе се врати во вообичаените вредности, аеробните вежби во траење од 15 до 20 минути на ден често се препорачуваат за одржување на правилна работа на штитната жлезда.
Ако боледувате од хипертиреоза, употребата на храна која влијае на работата на штитната жлезда може да го намали лашењето на хормонот. Меѓу тие производи ги збројуваме зелката, крушките, кикиритките, шведската репка, сојата и спанаќот. Инјекциите на витамин од Б-групата, исто така, можат да бидат многу полезни.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.