Африкански куп на нации 2021
From Wikipedia, the free encyclopedia
Африкански куп на нации 2021 (познато и како АФКОН 2021, односно КАН 2021) било 33-тото по ред фудбалско континентално првенство на Африка познато како Африкански куп на нации. Натпреварувањето е организирано од Африканската фудбалска конфедерација, а се одржало во Камерун од 9 јануари до 6 февруари 2022 година.[1][2]
Африкански куп на нации 2021 | |
---|---|
Податоци | |
Домаќин | Камерун |
Траење | 9 јануари - 6 февруари |
Tимови | 24 (од една конфедерација) |
Стадион(и) | 6 (во 5 градови) |
Шампиони | Сенегал (1. титула) |
2. место | Египет |
3. место | Камерун |
4. место | Буркина Фасо |
Вкупно натпревари | 52 |
Вкупно голови | 100 (1.92 по натпревар) |
Публика | |
Најдобар стрелец(и) | Венсан Абубакар (8 гола) |
Најдобар играч | Садио Мане |
Најдобар голман | Едуар Менди |
2023 → ← 2019 | |
Инфокутијата е последен пат ажурирана на 12 јануари 2017. |
Првично во план било турнирот да се одржи во летото 2021 година. Меѓуоа, поради неповолните климатски услови во тој период, КАФ издал соопштение дека турнирот ќе се одигра порано во јануари и февруари истата година.[3] Сепак, подоцна КАФ по втор пат го поместил датумот на одржување на турнирот; одлучено било дека првенство ќе се одигра на почетокот на 2022 година како последица на пандемијата од КОВИД-19 на просторот на целиот континент. Поради спонзорски причини, името Африкански куп на нации 2021 останало во употреба.[4]
Бранител на титулата била репрезентацијата на Алжир, која на турнирот во 2019 по втор пат во историјата станала шампион на Африка.
Турнирот го освоила репрезентацијата на Сенегал, која во финалето го победила Египет со 4-2 по изведување на пенали.[5] Тоа била првата титула за Сенегал на турнирите од Африканскиот куп на нации, по две изгубени финалиња во 2002 и на претходно одиграниот турнир во 2019. Третото место го освоил домаќинот на првенството, репрезентацијата на Камерун.