Атеизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Атеизам или безбожништво, во поширока смисла, е одбивањето на верување во постоењето на божества.[1] Во потесна смисла, атеизам е ставот дека не постојат божества.[2] Највклучително, атеизам едноставно е отсуство на верба дека постојат некои божества.[3] Атеизам е во контраст со теизам,[4] кој во својата најопшта форма е верувањето дека постои барем едно божество.[5][6]
Етимолошкиот корен од зборот атеизам (анг. atheism) потекнува пред 5-иот век п.н.е од Стара Грција ἄθεος (atheos), што значи "без Бог(ови)". Во тоа време, бил користен за луѓето кои одбивале да се покоруваат на Боговите во кои поголемата маса верувала. Православните христијани први почнале да го користат зборот во социјална категорија за тие кои не верувале во нивната вера. Сегашната смисла на зборот почнала да се употребува од 16 век. Со ширењето на слободните мисли, научниот скептицизам, и критиките врз христијанството зборот атеизам ја има стеснето својата смисла. Првите луѓе кои почнале да се идентификуваат самите себеси како атеисти живееле во 18-ти век за време на просветителството.
Причината за неверувањето во божества се повеќе: недоволно научни докази , аргументот за неконстантен пекол , проблемот за злобата во светот и аргументот за неверство како најглавните. Атеизамот е по-парсиномна позиција со која секој е роден, за разлика од теизмот; затоа е аргументирано дека главниот товар на докажување на божествата треба да биде докажан од теистите, а не од атеистите.
Според неколку анкети утврдено е дека највеќе Атеисти постојат во Европа и Северна Азија. Во 2010, 20% од популацијата во Европската Унија се изјаснало дека не верува во "духови, маѓии и Бог".[7] Додека пак во 2015, 61% од населението во Кина се изјаснале дека се атеисти.[8]