Астана арена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астана арена — фудбалски стадион во Нур-Султан, Казахстан. Стадионот има сместивост од 30,000 гледачи и има подвижен кров. Тој служи како национален стадион на Фудбалската репрезентација на Казахстан. Астана арена е втор најголем стадион во државата и бил изграден во периодот од 2006 до 2009 година за сума од 185 милиони долари, и официјално бил отворен на 3 јули 2009 година. На стадионот исто така своите домашни натпревари ги играат екипите на ФК Астана и ФК Бајтерек. Стадионот конкурирал да биде домаќин на натпревари од Европското првенство 2020.[4]
Кратки факти Астана арена, Место ...
Астана арена | |
---|---|
Место | Нур-Султан, Казахстан |
Координати | 51°6′29″N 71°24′6″E |
Отворен | 3 јули 2009[1] |
Сопственик | Град Нур-Султан |
Оператор | Град Нур-Султан |
Подлога | Вештачка трева |
Архитект | Populous и Tabanlıoğlu Architects |
Конструктор | BuroHappold Engineering[2] |
Главни изведувачи | Sembol Construction[2] |
Игра | ФК Бајтерек Фудбалска репрезентација на Казахстан |
Гледачи | 30,244[3] |
Затвори