From Wikipedia, the free encyclopedia
Асеманиево евангелие или Асеманово евангелие — глаголски ракопис од втората половина на X век чие настанување се поврзува со Охридската книжевна школа.
Асеманово евангелие | |
---|---|
Ватиканска библиотека | |
Страница од Асеманиевото евангелие | |
Година на изработка | Втората половина на X век |
Материјал | пергамент |
Големина | 158 листа |
Писмо | глаголица |
Пишуван е врз пергамент со обла глаголица и има 158 листа. Овој глаголски споменик кој се смета за најстар словенски ракопис, го пронашол во 1736 година, во Ерусалим префектот на Ватиканската библиотека Јосиф Симон Асемани (1687 - 1768) по чија смрт, заедно со целата неговата колекција, станал сопственост на библиотеката во Ватикан. Во оваа библиотека сега го носи бројот 3, а е наречено Асеманово по името на неговиот пронаоѓач. Комплетно е дигитализирано и достапно во нивната дигитална библиотека.[1]
По содржина е изборно евангелие (апракос) со месецослов и неговиот текст, според мислењето на многумина истражувачи, му е најблизок на Кирилометодиевиот превод на евангелието. Големата важност на ова најстаро апракосно евангелие за историјата на евангелскиот текст се потврдува и од тоа што во неговиот месецослов ги наоѓаме најстарите вести за празнувањето, паметта на браќата Кирил и Методиј и Климент Охридски. Интерес претставуваат и подоцнежните кирилски записи во почетокот на секој месец од месецословот, во кои се означени „злите денови“ во соодветниот месец. Од овие записи добива важни податоци за битот и верувањата на македонските Словени во таа далечна епоха. Асемановото евангелие е мошне важно и за историјата на нашата книжна орнаментика. Илуминацијата му е старинска и мошне оригинална, при што не се чувствува некое посебно влијание од страна на водечките цариградски илуминаторски школи. Тоа значи дека во скрипторскиот центар во кој настанало Асемановото евангелие била негувана самостојна, автохтона илуминторска традиција.[2][3]
Некои од јазичните особеностите на овој ракопис се:[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.