Архангел Јегудил
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јегудил (хебр. יהודיאל „слава на Бога“) е еден од Седумте архангели во православието.[1] Често е прикажан во иконографијата како држи круна и тријазичен камшик.[2] Јегудил е заштитник на сите оние кои работат настојно, и круната која ја држи ја симболизира наградата за духовниот труд.[3] Заедно со подредените ангели тој е советник и бранител на сите оние кои работат на одговорни функции за Божја слава, и како таков нему му се обраќаат кралеви, судии и други на власт.