Арон Гунарсон
Исландски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арон Еинар Малмквист Гунарсон (роден на 22 април 1989 г.) — исландски професионален фудбалер кој игра за велшкиот клуб Кардиф Сити. Тој може да игра на десната бековска позиција и исто така во средниот ред.
Арон Гунарсон | |||
---|---|---|---|
Арон во дресот на Исланд во 2014 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Арон Еинар Малмквист Гунарсон[1] | ||
Роден на | 22 април 1989(1989-04-22) (35 г.)[1] | ||
Роден во | Акирејри, Исланд | ||
Држава | Исланд | ||
Висина | 1.78 м[1] | ||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Кардиф Сити | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
2004–2005 | Тор Акирејри | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2006 | Тор Акирејри | 11 | (0) |
2006–2008 | Аз Алкмар | 1 | (0) |
2008–2011 | Ковентри Сити | 123 | (6) |
2011– | Кардиф Сити | 227 | (23) |
Репрезентација ‡ | |||
2005 | Исланд до 17 г. | 7 | (2) |
2006–2008 | Исланд до 19 г. | 16 | (1) |
2007–2011 | Исланд до 21 г. | 11 | (1) |
2008– | Исланд | 71 | (2) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19 август 2017 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 29 јуни 2017 |
Тој ја започнал својата кариера во Тор Акирејри, и одиграл еден натпревар за холандскиот клуб Аз Алкмар пред да се приклучи на Ковентри Сити во 2008 година. По одиграни 133 натпревари за клубот, тој направил трансфер во Кардиф Сити, со кој играл во финалето на англискиот Лига куп во 2012 година, како и во Премиер лигата во сезоната 2013–14.
Арон е дел од репрезентацијата на Исланд од 2008 година и досега има одиграно преку 70 натпревари во исландскиот дрес. Тој е капитен на Исланд од средината на 2012 година и бил предводник на составот кој на своето прво големо натпреварување, Европското првенство 2016, стигнал до четвртфиналето. Две години подоцна, тој бил капитен на исландската репрезентација и на Светското првенство 2018.