Ароматерапија
псевдонаука / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ароматерапијата — форма на алтернативната медицина која користи испарливи растителни материјали, уште познати како етерични масла но и други ароматични(мирисни) соединенија, со цел да го промени мислењето, расположението, спознавачките способности и здравјето на една личност[1].
Кратки факти Ароматерапија, MeSH ...
Затвори
Некои етерични масла, како на пример од чајното дрво имаат анти-микробиолошки дејства но сè уште не постојат медицински докази коишто би го докажале делотворното дејство против бактериските, габичните и вирусните инфекции. Сè уште нема точни докази за ефикасноста на ароматерапијата при лекувањето на некои болести, но познато е дека етеричните масла можат да имаат терапевтски својства[2]. Особено недостасуваат истражувања кои вклучуваат строги методи.