Аргеади
македонска династија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Аргеади — династија на кралеви-основоположници на Македонското Кралство и владеела со Античка Македонија од околу 700 п.н.е. до 309 п.н.е. За митолошки основач на династијата се смета Каран, а нејзини најславни припадници се Филип II Македонски и Александар Македонски, го поразил Персиското Царство и ја формирал Македонската Империја. Последен легитимен машки наследник од оваа династија бил Александар IV, син на Александар Велики со Роксана. По неочекуваната смрт на Александар Македонски, започнува периодот на војните на дијадосите кои доведуваат до распад на Македонската Империја и формирање на империи наследнички кои биле владеани од династии формирани од генералите во војската на Александар Македонски.
За потеклото на Аргеадите постојат две теории. Според едната, тие потекнуваат од Аргос на Пелопонез, а според втората, од Аргос во Орестида.[1][2]