![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/5c/2010-2011_Arab_world_protests.svg/langmk-640px-2010-2011_Arab_world_protests.svg.png&w=640&q=50)
Арапска пролет
протести и револуции во Арапските земји / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арапска пролет — низа демонстрации и протести во дел од Арапските земји. Најпрвин, протестите започнале на 18 декември 2010 година во Тунис, а подоцна истите се прошириле во Египет, Алжир, Јемен и Јордан, и со мали инциденти кое се случиле во Мавританија, Саудиска Арабија, Оман, Судан, Сирија, Либија, Мароко.[2][3][4][5][6][7][8] Дел од протестите се преврнале во револуции.[9][10][11][12][13][14][15][16].
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Арапски протести (2010-2014) | |
---|---|
![]() Соборени влади реконструирани влади Мали протести Minor protests Без инциденти | |
Место | северна Африка и Западна Азија |
Дата | 18 декември 2010—во тек |
Goal | човекови права, демократија[1] |
Карактер | Демократизација, нереди, граѓанска непослушност, саможртвување |
Жртви | околу 500 |
Повредени | околу 4.000 |
Уапсени | околу 1.000 |
Протестите започнале на 18 декември 2010 со востанието во Тунис, кога Мохамед Буазизи се самозапалил за конфискувањето на неговата стока и главно поради големата корупција во неговата земја.[17][18][19] Поради слични проблеми во регионот и успешниот протест во Тунис, серија од немири започнале и во Алжир, Јордан, Египет и Јемен,[20][21] и во помал степен и во други арапски држави.
Првата револуција, во Тунис, завршила кога претседателот Зин ал Абидин бен Али на 14 јануари 2011 година се повлекол од власта и побегнал во Саудиска Арабија. Вниманието на светот по ова се свртел кон Египет, каде масовни протести започнале на 25 јануари 2011 година. По четиридневни протести, претседателот Мубарак понудил реформи, но не и негова лична оставка која била цел на демонстрантите. По осум дена од протестите во поголемите градови во Египет, Мубарак најавил дека ќе се повлече од претседателската функција, по 30 години и нема да бараа уште еден претседателски мандат на претстојните избори. Во истото време, јорданскиот крал Абдула бил именуван за нов премиер[22] како и претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, кој исто така објавил дека нема да се кандитира на идните избори. Тој на власт во земјата е 32 години.[23]