From Wikipedia, the free encyclopedia
Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος, „пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус Христос, избрани од него за да го шират Евангелието. Тие се:
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Во Евангелието пишува дека Исус ги испратил своите апостоли низ градовите во Галилеја во парови (Марко 6:7). Буквалниот превод на нивната мисија би звучел како „лечење на болните“ и „истерување на демони“; сепак, општоприфатено е мислењето дека нивната основна мисија била ширење на Евангелието, да ги залечат душевните рани и болест и да се борат против изопаченото однесување на луѓето. Со себе тие не носеле ниту храна, ниту пари, туку целосно се предавале на Божјата Волја. Им било кажано уште и дека доколку некој град им го ускрати гостопримството, сè што треба да направат е да ја истресат правта од нивните нозе (чин кој сам по себе е заканувачки).
Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој го предал Христос.
Во Евангелието се кажува дека Исус ги избрал своите апостоли веднаш откако бил искушуван од ѓаволот во пустината 40 дена. Апостол Петар и Апостол Андреј (браќа) се првите два апостоли, кои претходно биле рибари. Кога Исус им пришол и ги повикал да појдат по него, тие веднаш ги фрлиле мрежите и му се придружиле. Веднаш по нив, и браќата Јаков и Јован (исто така рибари) му се придружиле на Исус.
Понатаму му се придружуваат и другите апостоли, за на крај меѓу нив да влезе и даночникот Матеј. Околу неговиот прием Фарисеите имале големи забелешки, затоа што во тоа време на даночниците се гледало како на насилници во еврејското општество. Одговорот кој Исус Христос го дал е многу познат: „на здравите не им треба лекар, туку на болните... Јас не дојдов за да ги повикам праведните, туку грешните“
Савле, подоцна Апостол Павле е тринаесеттиот апостол на Исус. Тој самиот тврдел дека е назначен директно од воскреснатиот Христос за време на неговата визија во Дамаск. Исто така, при ословувањето на некои од неговите сопатници (Варнава, Сила итн.), тој го користел изразот апостоли.
Понекогаш, и св. Константин се нарекува тринаесетти апостол, поради неговата пресудна улога во признавањето на христијанството како официјална религија во Римското Царство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.