Апокриф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Зборот апокриф потекнува од грчки збор кој во превод значи скриен, таен, обвиткан. Овие текстови биле скриени и чувани во тајност во манастирите и биле достапни за свештениците или на луѓето упатени во религиозните тајни. Апокрифите се однесувале на личности, настани во Библијата за кои се давало оскудни податоци. Кратките библиски текстови ги развиле во опширни содржини, прераскажувани на интересен начин со цел да се придобие влијанието на читателската публика.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Апокрифите се делат на старозаветни и новозаветни. Популарни апокрифни текстови се: текстовите кои ја содржат ткн. Книга Аврамова, Видението на пророкот Исаија, Видението на Енох, Адам и Ева, Прекрасниот Јосиф. Од новозаветните апокрифи најпознато е Видението на апостолот Павле.[1]