Анхел Ди Марија
Аргентински фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Анхел Фабијан Ди Марија Ернандес (роден на 14 февруари 1988) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред или крило на Јувентус и на аргентинската репрезентацијата.
Анхел Ди Марија | |||
---|---|---|---|
Ди Марија во дресот на Париз Сен Жермен во 2015 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Анхел Фабијан Ди Марија Ернандес | ||
Роден на | 14 февруари 1988(1988-02-14) (36 г.) | ||
Роден во | Росарио, Аргентина | ||
Висина | &100000000000001800000001,80 м[1] | ||
Позиција | среден ред, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бенфика | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
1995–2005 | Росарио Сентрал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2007 | Росарио Сентрал | 35 | (6) |
2007–2010 | Бенфика | 76 | (7) |
2010–2014 | Реал Мадрид | 124 | (22) |
2014–2015 | Манчестер Јунајтед | 27 | (3) |
2015–2022 | Париз Сен Жермен | 197 | (56) |
2022–2023 | Јувентус | 26 | (4) |
2023– | Бенфика | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007 | Аргентина 20 | 13 | (3) |
2008 | Аргентина 23 | 6 | (2) |
2008– | Аргентина | 132 | (29) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 30 август 2014 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 5 јули 2014 |
Откако ја започнал својата кариера во Росарио Сентрал, Ди Марија се преселил во Европа во 2007 играјќи за Бенфика, а три години подоцна заиграл за Реал Мадрид. Откако ја освоил Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тој потпишал за Манчестер Јунајтед во 2014, за 59,7 милиони фунти и станал најскапиот играч купен од страна на англиски тим, но по само една година на Олд Трафорд заминал во ПСЖ за сума од 63 милиони евра.
Ди Марија е стандарден репрезентативец на Аргентина, и досега има одиграно преку 50 натпревари за репрезентацијата. Тој бил најзаслужен што Аргентина го освоила златниот медал на олимписките игри во 2008, и бил дел од аргентинскиот состав на две Светски првенства и на Копа Америка 2011, 2015 и Сентенарио.
Прекари на Ди Марија се Анхелито и Фидео.[2] Тој поседува и италијански пасош.[3]