Антиконвулзив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антиконвулзиви (исто така познати како антиепилептични лекови) се разновидна група на фармаколошки агенси кои се користат во третманот на епилептични напади. Антиконвулзивите сè повеќе се користат во третманот на биполарно растројство[1] и гранично растројство на личноста,[2] бидејќи делуваат како стабилизатори на расположението, но и во третманот на невропатска болка.[3]
Кратки факти Употреба, Биолошки таргет ...
Класа на лек | |
Употреба | Епилепсија |
---|---|
Биолошки таргет | Мозокот |
Синоними | Antiepileptic drugs, antiseizure drugs |
ATC код | N03 |
Затвори
Првиот делотворен лек кој се користел во третманот на епилепсија е калиум бромид, сè до откривањето на фенобарбитал во 1912 од кога се откриени голем број на антиконвулзиви.