Андамански Острови
архипелаг во Бенгалскиот Залив / From Wikipedia, the free encyclopedia
Андаманските Острови се група на острови кои формираат архипелаг во Бенгалскиот Залив, меѓу Индија на запад и Мјанмар на север и исток. Најголем дел од овие острови се дел од индиската сојузна територија Андамани и Никобари, додека помал број од нив од северниот дел на архипелагот, вклучувајќи ги и Коко Островите, им припаѓаат на Мјанмар.
Местоположба на Андаманските острови во Индискиот Океан. | |
Географија | |
---|---|
Место | Бенгалски Залив |
Координати | 12°30′N 92°45′E |
Архипелаг | Андамани и Никобари |
Вкупно острови | 572 |
Поголеми острови | Северен Андамански остров, Мал Андамански остров, Среден Андамански остров, Јужен Андамански остров |
Површина | 6,408 км2 |
Највисоко издигнување | 732 м |
Највисока точка | Седл Пик |
Управување | |
Индија | |
Сојузни територии на Индија | Андамани и Никобари |
Главен | Порт Блер |
Мјанмар | |
Административна област | Јангон (округ) |
Главен | Јангон |
Демографија | |
Население | 343,125 (2011) |
Густина | 48 /km2 (124 /sq mi) |
Етнички групи | Бамар Шомпен Индијци Џарава Онге Сентинелци Јашиа Големи Андаманци |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
Мреж. место | and.nic.in |
Андаманските Острови се населени со Андаманци, група на домородни народи во кои спаѓаат Џарава племињата и Сентинелците.[1] Некои од островите можат да се посетат со специјални дозволи, а за дел од нив, посебно Северниот Сентинелски Остров, постои законска забрана за посетување. Сентинелците се главно непријателски настроени кон посетителите, и имаат минимални контакти со луѓе од надворешноста. Индиската влада го штити со закон нивното право на приватност.[2]