From Wikipedia, the free encyclopedia
Анатомско терапевтско хемиски систем на класификација (англиски: Anatomical Therapeutic Chemical (ATC) Classification System) или АТХ — систем за групирање на лековите. Овој систем го регулира Соработниот центар за методологија на статистиката на лековите при СЗО (WHOCC), и за првпат е објавен во 1976 г.[1]
Системот за класификација ги дели лековите во различни групи според органот или системот врз кој тие делуваат и нивните терапевтски и хемиски одлики. Секој целосен ATC код се однесува само на една индикација (или употреба) на фармацевтски употребена супстанца. Ова значи дека еден лек може да има повеќе од еден код: ацетилсалицилна киселина (аспирин), на пример, има A01 како лек за локална орална терапија, B01 како инхибитор на тромбоцити, и N02 како аналгетик и антипиретик. Од друга страна пак, неколку различни препарати на готови лекови имаат ист код ако тие содржат иста активна супстанца и имаат исти индикации.
Според овој систем, лековите се класифицирани во групи според пет различни нивоа:[2]
Првото ниво од кодот укажува на главната анатомска група на која дејствува лекот и се состои од една буква. Постојат 14 главни групи:[3]
Код | Содржина |
---|---|
A | Систем за варење и метаболизам |
B | Крв и крвотворни органи |
C | Кардиоваскуларен систем |
D | Кожа и поткожно ткиво |
G | Урогенитален систем и полови хормони |
H | Хормонски препарати за системска примена, освен полови хормони и инсулин |
J | Антиинфективни лекови за системска употреба |
L | Антинеопластици и имуномодулатори |
M | Мускулно-скелетен систем |
N | Нервен систем |
P | Антипаразитни производи, инсектицид и средства за заштита од инсекти |
R | Респираторен систем |
S | Сетилни органи |
V | Разно |
Второто ниво од кодот укажува на главната терапевтска група на лекот и се состои од две цифри.
Третото ниво од кодот укажува на терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква.
Пример: C03C Јаки диуретици
Четвртото ниво од кодот укажува на хемиската/терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква.
Пример: C03CA Сулфонамиди
Петтото ниво од кодот укажува на хемиската супстанца и се состои од две цифри.
Пример: C03CA01 Фуросемид
Анатомско Терапевтско Хемискиот Систем за Класификација на ветеринарно-медицинските производи (АТХ вет) (англиски: Anatomical Therapeutic Chemical Classification System for veterinary medicinal products (ATCvet)) се користи за класифицирање на ветеринарни лекови. ATCvet кодовите можат да бидат создадени со ставање на буквата Q пред ATC кодот на повеќето човечки лекови. На пример, фуросемидот за ветеринарна употреба го има кодот QC03CA01.
Некои кодови се исклучиво за ветеринарни лекови, како QI Имунолошки лекови, QJ51 Антибактериски лекови за апликација во виме или QN05AX90 амперозид.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.