Викимедиина категорија From Wikipedia, the free encyclopedia
Анадолски леопард (Panthera pardus tulliana) — мачка која во минатото била опишана како посебен подвид на леопард, со природно живеалиште во Анадолија (Мала Азија), Турција. Сепак, денешните таксономси анализи покажале дека овие леопарди генетски многу малку се разликуваат од останатите западно и централноазиски леопарди па поради тоа треба да бидат вклучени во подвидот персиски леопард (Panthera pardus saxicolor) [1][2]. Во моментов останува непознато дали анадолскиот леопард е сѐ уште присутен во дивината [3].
Анадолски леопард | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мачки |
Род: | Panthera |
Вид: | P. pardus |
Подвид: | P. p. tulliana |
Триномен назив | |
Panthera pardus tulliana (Schreber, 1777) |
Возрасните единки се долги помеѓу 0,5-1 метри. Женките тежат помеѓу 35-50 килограми, а мажјаците помеѓу 45 и 70 килограми просечно, но може да достигнат и 90 килограми. Се смета дека животниот век во дивината изнесува околу 20 години.
Во дивината, најчест плен на леопардите се диви копитари како елени, дивокози, планински кози и повремено диви свињи. Ова животно се храни и со птици, но доколку му се пружи шанса и со домашна стока.
Во минатото овие леопарди ги населувале шумите и ридовите на егејското и средоземното крајбрежје и регионите во источниот дел на Мала Азија. Во Израел, анадолските леопарди биле присутни до1980-тите. Во оваа држава постојат и неколку непотврдени изјави за средби со леопарди во Галилеја и Голанската висорамнина.
Последниот пат кога официјално бил забележан анадолски леопард е 1974 година. Животното било убиено откако нападнало жена во едно село, околу пет километри оддалечено од Бејпазари. Иако некои научници предлагаат дека подвидот веќе е изумрен во дивината, други спетаат дека сѐ уште постојат помеѓу 10-15 единки. Во 2001 година, леопард бил забележан во месноста Данди во близина на градот Мут на планините Тавр, во турското Средоземен регион, како и во околината на Мускили Брок на источниот брег на црното море. Во 2003 година, возрасен мажјак бил снимен на камери поставени во Националниот парк Вашловани во Грузија [4]. Во 2004 година исто така бил забележан леопард на платото Покут.
Во 2002 година, тим на Big Cat Rescue (Спасување на големите мачки) трганал на експедиција на надморска висина од околу 2000 метри. Експедицијата била организирана поради фотографија на која бил сликан отисок од шепа на леопард. За време на истражувањето, тимот забележал леопард, но животното набрзина избегало пред да успеат да го сликаат. Следниот ден, тимот успеал да слика анадолски леопард, со што се потврдило неговото присуство во дивината. Сепак, се смета дека постојат само 10-15 единки во дивината.
Во моментов Фондацијата за анадолскиот леопард (составена од холандски и турски истражувачи) [5], ја проучива популацијата на овој леопард со поставуање на камери-стапици на паланината Тавр.
Се претпоставува дека прекумерното трофејно ловење е главниот фактор за намалување на бројноста на популациите на анадолскиот леопард. Иако леопардот во Турција станал заштитен со закон од 1978 година, сепак ова не го спречило и понатамошното нелегално убивање. Се претпоставува дека ова е поради репутацијата на леопардот која го претставува како штетник и крволочно животно, како и игнорирање на неговата значајна улога во екологијата на биосистемот[5].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.