Амхерст (колеџ)
колеџ во Масачусетс, САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Амхерст Колеџ (јас/ˈæмərst//ˈæmərst/ AM-ərst) е приватен хуманитарнонаучен колеџ којшто се наоѓа во Амхерст, Масачусетс, САД. Амхертскиот Колеџ е трета најстара високообразовна установа во Масачусетс.[3] Факултетот има исто име со гратчето каде што е сместен, којшто пак го носи името на Лордот Јеф Амхерст. Првично Амхерсткиот Колеџ бил само за машки, сè до 1975. Амхерст е дел од лигата на колеџи попозната како Малата Бршленова Лига.
Податотека:Amherst College Seal.svg | |
Гесло | „Terras Irradient“ (Латински) |
---|---|
На македонски | Да ги осветлиме земјите |
Вид | Приватен хуманитарнонаучен колеџ |
Основан | 1821 |
Верска припадност | Нема верски афилијации |
Доделени средства | $2.032 билиони (2016) |
Претседател | Каролин Мартин |
Додипломци | 1,795 (Есен 2015)[1] |
Место | Амхерст, Масачусетс, САД |
Бои | Љиљакова и бела[2] |
Спортови | NCAA Division III – NESCAC |
amherst.edu | |
Амхерст е исклучиво додипломска образовна установа каде што студирале 1,795 студентите во есента 2015.[4] Студентите можат да изберат предмети од 38-те сосредоточени програми на знање при отворен курикулум.[5] Тоа значи дека студентите не мора да исполнат барања за дистрибуција на области, и да учат т.н. суштински предмети, до таа степен што тие дури и можат да создадат свои интердисциплинарни звања.[6] Бруцошите може да запишат напредни предмети, а тие што завршуваат да земат воведни предмети.
Амхерст ги охрабрува сите посветени и заангажирани средношколци да аплицираат, небитно од нивната финансиска состојба, нудејќи дарежлива материјална поддршка. Во апликацијата не се зема в'обѕир можноста на студентот и неговото семејство финански да си допушти едно такво образование, туку пред сè неговата подготвеност, академски и сеопфатно, за ригорозниот образовен процес. Амхерст е еден од малкуте Американски високообразовни установи кои не ја земаат в'обѕир финанската позадина на студентот за домашни но и замеѓунардони студенти исто така, и нудат целосна покриеност на трошоците за студирање[7]. Заради тоа, таму се запишани некои од најдобрите ученици од САД, но и од светот. Студентите на Амхерст се одликуваат со академска екселенција, посветеност кон екстракурикуларните активности, како и дух за позитивни промени.
За класот од 2020, Амхерст примил 8,397 апликации, прифатил 1,149, или 13.7% стапка на прифатеност.[8] За меѓународните студенти, стапката на прифатеност е околу 5% за класот од 2020.
Амхерст е рангиран како втор најдобар хуманитарнонаучен колеџ во земјата од страна на U.S. News & World Report,[9] и 12 од сите американски колеџи и универзитети според Forbes[10] во нивната едиција од 2016г.