![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a7/Amsterdam_Amstel_20041105.jpg/640px-Amsterdam_Amstel_20041105.jpg&w=640&q=50)
Амстел
река во Холандија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија се однесува на/за река во Холандија. За други значења, погл. Амстел (појаснување).
Амстел (холандски: Amstel) — река во Холандија, која тече низ градот Амстердам. Името на реката потекнува од Aeme stelle, стар холандски збор за „област богата со вода“.
Кратки факти Земја, Покраина ...
Амстел | |
Река | |
Реката Амстел низ центарот на Амстердам. | |
Земја | Холандија |
---|---|
Покраина | Северна Холандија |
Извор | Арканал |
- место | Ниувен, Јужна Холандија |
- координати | 52°12′24″N 4°44′05″E |
Утока | Еј |
- местоположба | Амстердам, Северна Холандија |
- координати | 52°22′08″N 4°53′33″E |
Должина | 31 км |
Затвори
На реката се наоѓаат некои од најпознатите мостови во Амстердам. Покрај реката се наоѓаат Градското собрание Стопера и операта и театарот Каре.
Покрај реката секоја година се одржува телевизиски концерт посветен на Денот на Ослободувањето (Bevrijdingsdag).
Пивото Амстел е именувано по реката. Пиварницата Амстел, како и многу други пиварници, биле сместени близу реката Амстел поради чистата вода, која била користена за производство на пиво.