Американски староседелски јазици
јазици на староседелските народи во Северна, Средна и Јужна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Староседелските јазици во Америка ги опфаќаат староседелските јазици кои се зборуваат од Јужна Америка па сè до Алјаска и Гренланд. Овој заеднички термин опфаќа голем број јазични семејства, умрени јазици и јазични изолати. Поради слабата класификација и сродноста на јазиците денес има предложено поголем број класификации од различни извори. Според УНЕСКО, поголем број од староседелските јазици кои можат/можеле да се најдат на територијата на Северна Америка се загрозени или изумрени.[1]
Забелешки:
- Исчезнат јазик е означен со симболот †.
- Бројот на јазици опфатени во едно јазично семејство не се наведени, ниту пак самите јазици. Тие можат да се видат доколку се влезе на самата статија, секако ако е претходно објавена.
- Следната поделба на јазиците е направена врз основа на политичката ситуација на континентот Америка и не соодветува со културните граници на американското староседелско население.