From Wikipedia, the free encyclopedia
Александру Јонуц Митрица (роден на 8 февруари 1995 година) — романски фудбалер, играч од средниот ред на Њујорк Сити и на романската репрезентација.
Александру Митрица | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Александру Јонуц Митрица | ||
Роден на | 8 февруари 1995 | ||
Роден во | Крајова, Романија | ||
Држава | Романија | ||
Висина | м | 1,71||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Њујорк Сити | ||
Број | 28 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2012 | Турну Северин | 5 | (0) |
2013-2015 | Виторул Констанца | 50 | (6) |
2013-2014 | → Стеауа Букурешт | 0 | (0) |
2015-2017 | Пескара | 34 | (2) |
2017-2019 | Университатеја Крајова | 49 | (25) |
2019- | Њујорк Сити | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2011 | Романија 17 | 3 | (0) |
2013 | Романија 18 | 1 | (0) |
2013-2014 | Романија 19 | 12 | (4) |
2014-2015 | Романија 21 | 8 | (1) |
2018- | Романија | 3 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Александру Митрица е роден во Крајова. Неговиот чичко Думитру исто така бил професионален фудбалер.[1]
Митрица изјавил дека додека растел негов идол бил Лионел Меси.[2]
Митрица е офанзивен играч од средниот ред или крило на двете страни од теренот.[3] Опремен е со одлична брзина и техничка способности, што му овозможува да биде многу опасен за противниците во ситуации еден на еден.[4]
Роден во Крајова, Митрица ја започнал својата кариера во Турну Северин во 2011 година, а во 2012 година и се приклучил на екипата на Виторул Констанца.[5] Во септември 2013, на возраст од 18 години, тој бил позајмен на Стеауа Букурешт за да игра за нивната екипа во УЕФА Младинската лига;[6] неговиот сениорски резултат за клубот се состоел во само еден натпревар во Купот на Романија, по што тој се вратил во Виторул на почетокот од следната година.
Митрица го одигра својот прв натпревар по неговото враќање во клубот од Констанца на 23 февруари 2014 година, во победата со 2-1 против Динамо Букурешт.[7] Својот прв гол во Лига 1 го постигнал на 21 мај истата година, во победата со 1–0 над Чахлаул.[3]
Во јули 2015, Митрица потпишал за италијанскиот клуб Пескара за необјавена сума (која според некој гласини изнесувала околу 1 милион евра).[8] Дебитирал за Пескара на 16 август во натпреварот од Купот на Италија против Торино во поразот на неговата екипа со 4-1, а својот прв настап во Серија Б го имал на 11 октомври во поразот на гости со 3-1 од Асколи. На 8 април 2016 го постигнал својот прв гол за клубот од Абруцо во победата со 1-3 на гостувањето кај Авелино.[9] Првата сезона во дресот на Пескара ја завршил со 19 настапи (18 во регуларниот дел од првенството и 1 во плејофот за промоција) и 1 гол, помагајќи му на клубот да избори промоција во Серија А за следната сезона.
Следната сезона Митрица одиграл 15 натпревари за Пескара во Серија А и постигнал 1 гол, во победата на домашен терен над Палермо со 2-0 на 22 мај 2017.[10] Сепак, по само една сезона во Серија А Пескара како последнопласирана екипа на табелата испаднала и се вратила во Серија Б.
На 21 јули 2017, Митрица се вратил во Романија приклучувајќи и се на екипата на Университатеа Крајова со договор за заем од крајот на сезоната.[11] Тој го направи своето официјално деби шест дена подоцна во поразот на домашен терен со 0-1 до Милан во третата квалификациска рунда на УЕФА Лига Европа.[12] Неговиот прв гол дошол во натпревар од романското првенство против Астра Џурџу на 6 август, кој завршил 1-1.[13] Две недели подоцна Митрица ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-0 против неговиот поранешен тим Виторул Констанца, на 20 август 2017 година.[14] На 16 декември, тој постигнал прекрасен погодок од слободен удар во победата со 2-1 над подоцнежниот шампион на Романија ЧФР Клуж.[15] Само неколку дена претходно, италијанските и романските медиуми објавиле дека Крајова потпишала договор со Митрица на трајна основа;[16][17] договорот бил потврден на 17 јануари 2018 година, при што Университатеа и ги исплатила претходно договорените 730.000 евра на Пескара, која исто така ќе има право на 15% од идниот трансфер на играчот.[18]
Свјот прв погодок во 2018 година, Митрица го постигнал на 10 март во 82-рата минута од натпреварот против Астра Џурџу и тој се покажал како победнички за неговата екипа. На 14 април, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата дома со 4-1 над ЧСМ Политехника Јаш.[19] На 27 мај во финалето на Купот на Романија, Митрица одново бил стрелец и бил избран за играч на натпреварот во победата со 2-0 над второлигашот Херманштадт, носејќи и ја на Унивеситатеа првата титула во Купот на Романија уште од сезоната 1992-1993.[20][21] Својата прва сезона во Крајова Митрица ја завршил со 37 настапи и 15 гола во сите натпреварувања, и бил избран во Најдобриот тим на Романската Лига 1.[22]
На почетокот на следната сезона, Митрица ги одиграл комплетните 90 минути како капитен на Университатеа во поразот со 1-0 од ЧФР Клуж во Суперкупот на Романија 2018.[23]
Во март 2018 година, Митрица бил повикан во романската сениорска репрезентација за пријателските натпревари против Израел и Шведска подоцна истиот месец,[24] откако наводно го импресионирал селекторот Козмин Контра.[4] Своето деби го имал на 24 март против Израел, натпревар во кои запишал асистенција за голот на Георге Цукудеан во победата на Романија со 2-1 во Нетанија.[25]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Романија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
24-3-2018 | Нетанија | Израел | 1 – 2 | Романија | Пријателска | - | 61' | |
27-3-2018 | Крајова | Романија | 1 – 0 | Шведска | Пријателска | - | 54' | |
5-6-2018 | Плоешти | Романија | 2 – 0 | Финска | Пријателска | - | 80' | |
Вкупно | Настапи | 3 | Голови | 0 |
Статистиката е ажурирана на 28 мај 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Турну Северин | Л2 | 4 | 0 | КР | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 |
2012-2013 | Виторул Констанца | Л1 | 7 | 0 | КР | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 7 | 0 |
2013 | Стеауа Букурешт | Л1 | 0 | 0 | КР | 1 | 0 | ЛШ | - | - | СР | - | - | 1 | 0 |
2013-2014 | Виторул Констанца | Л1 | 15 | 1 | КР | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 15 | 1 |
2014-2015 | Л1 | 27 | 5 | КР+ЛКР | 0+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 29 | 6 | |
2015 | Л1 | 1 | 0 | КР+ЛКР | 0+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Витирул Констанца | 50 | 6 | 2 | 1 | - | - | - | - | 52 | 7 | |||||
2015-2016 | Пескара | Б | 18+1[26] | 1 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 20 | 1 |
2016-2017 | А | 15 | 1 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 17 | 1 | |
Вкупно Пескара | 33+1 | 2 | 3 | 0 | - | - | - | - | 37 | 2 | |||||
2017-2018 | Университатеа Крајова | Л1 | 31 | 12 | КР | 4 | 3 | ЛЕ | 2[27] | 0 | - | - | - | 37 | 15 |
2018-јан. 2019 | Л1 | 14 | 10 | КР | 1 | 0 | ЛЕ | 2[27] | 0 | СР | 1 | 0 | 18 | 10 | |
Вкупно Универистатеа Крајова | 45 | 22 | 5 | 3 | 2 | 0 | 1 | 0 | 53 | 25 | |||||
2019 | Њујорк Сити | МЛС | 0 | 0 | УСК | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 |
Вкупно во кариерата | 127+1 | 30 | - | 10 | 4 | - | 4 | 0 | - | 1 | 0 | 142 | 34 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.