Александар Обреновиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Обреновиќ (српски: Александар Обреновић, Белград, 14 август 1876 - Белград, 11 јуни 1903 ) бил крал на Србија, последен српски владетел од династијата Обреновиќ.
Александар I Обреновиќ | |||||
---|---|---|---|---|---|
крал на Србија | |||||
Портрет на Александр Обреновиќ од Влахо Буковац (1900) | |||||
На престол | 1889 - 1903 | ||||
Претходник | Милан Обреновиќ | ||||
Наследник | Петар I Караѓорѓевиќ | ||||
Жена |
| ||||
| |||||
Династија | Обреновиќ | ||||
Татко | Милан Обреновиќ | ||||
Мајка | Наталија Кешко |
Во 1889 година, неговиот татко, кралот Милан I Обреновиќ абдицирал во негова корист. Александар тогаш имал дванаесет години, а во негово име владеел Наместнички совет на чело со Јован Ристиќ. Во 1893 година, Александар, најверојатно со помош на својот татко Милан [1], извршил државен удар. Во текот на еден банкет во кралскиот двор биле уапсени намесниците и министрите, Александар се прогласил за полнолетен и го суспендирал уставот.
За да му се забалагодари на својот татко Милан за драгоцените совети, го именувал за шеф на една паралалена полиција, која со помош на војската и администрацијата, помогнала во создавање на авторитарен режим. Александар I ги расипал односите со националистичките партии и владеел со помош на луѓе кои биле наклонети кон Австроунгарија, како што бил Христиќ.
Предизвикал турбуленции во политичкиот живот на конзервативната Србија, кога решил да се ожени со Драга Машин, дворска дама кај неговата мајка, кралицата Наталија. Драга Машин била вдовица на машински инженер, а снаа на еден српски офицер и уживала сомнителен глас. По склучувањето на бракот, Александар го изгубил својот углед и бил политички изолиран во својата држава.
На 11 јуни 1903 година, Александар и неговата жена биле убиени во Стариот Двор во Белград како резултат на еден воен заговор [2], а нивните тела биле фрлени низ прозорец. Двојното убиство во Белград, ја запрепастило Европа. Официјалното соопштение за нивната смрт гласело: Кралот, во гнев или лудило, ги убил своите двајца аѓутанти, па кралицата, а потоа извршил самоубиство [1]