Александар Дјаченко (велосипедист)
казахстански велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Дјаченко (руски: Александр Дьяченко; р. 17 октомври 1983 ) — поранешен казахстански професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2004-2015 година.
За кајакарот, видете Александар Дјаченко.
Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Дјаченко на Трката околу Австрија 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Александар Дјаченко | ||
Роден | 17 октомври 1983(1983-10-17) (40 г.) Казахстанскаја, Казахстан | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 69 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Повлечен | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
2004–2006 2008 2009–2015 | Капек Улан Астана | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 3 јануари 2016 |
Затвори
Ја започнал неговата професионална кариера во друмскиот велосипедизам, со велосипедската екипа Капек во 2004.[1] Во 2008 му се приклучил на тимот Улан. Но од 2009, тој е член на екипата Астана.[2] Во 2012, Дјаченко имал солиден настап на Трката околу Турција, каде завршил како втор во генералниот пласман, но првичниот победник Ивајло Габровски се покажал позитивен на ЕПО. Во октомври било објавено дека на Габровски му е одземена титулата, која му била доделена на Дјаченко.[3]
Дјаченко го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[4]