Аквилеја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аквилеја е антички римски град во Италија, на Јадранско Море, околу 10 километри од морето, на реката Натисо (денешна Натизоне), чиј тек е малку променет од римско време. Денес, градот е мал (околу 3.500 жители), но бил голем и истакнат во класичната антика како еден од најголемите градови во светот со население од 100.000 жители во 2 век од нашата ера и е еден од главните археолошки наоѓалишта на северна Италија. Во доцната антика градот бил првиот град на Апенински Полуостров кој бил ограбен од Атила.