Акамба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Акамба или Камба се Банту етничка група - односно племе - кои претежно живеат во областа на Кенија, која се протега од Најроби до Цаво и на север до Ембу, во јужниот дел на поранешната источна провинција. Оваа земја се нарекува Укамбани и е составена од округот Макуени, округот Китуи и округот Мачакос. Акамба живеат и во крајбрежниот округ Квале, Момбаса и округот Килифи, како и во делови од округот на Реката Тана.
Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Традиционален камба танц | |
Вкупен број | |
---|---|
4,663,910 (2019 Попис)[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Кенија | |
Јазици | |
Кикамба, Свахили, Англиски | |
Вероисповед | |
христијанство, Африканска традиционална религија | |
Сродни народи | |
Кикују, Ембу, Меру, Мбеере, Сонџо и други Североисточни Банту |
Затвори
Припадниците на племето Камба сочинуваат околу 11 проценти од популацијата на Кенија.[2] Тие го зборуваат банту јазикот кикамба како мајчин јазик. Вкупното население на етничката група Камба е околу 4,1 милиони. Тие се нарекуваат и Акамба или Вакамба.[3]