Аеродром Келн/Бон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Келн/Бон (Германски: Flughafen Köln/Bonn, исто така наречен Konrad-Adenauer-Flughafen или Flughafen Köln-Wahn) (IATA: CGN, ICAO: EDDK) е меѓународен аеродром сместен во природниот резерват Ванер Хајде, 15 километри југоисточно од центарот на Келн и 16 километри североисточно од центарот на Бон. По големина е 6-ти најголем аеродром, како и еден од неколкуте аеродроми кои функционираат по 24 часа дневно. Во 2007 година бројот на патници се зголеми од 9,9 милиони во 2006 година на 10,7 милиони патници во 2007 година.
Аеродром Келн/Бон Flughafen Köln/Bonn | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||||||||||
Оператор | Flughafen Köln/Bonn GmbH | ||||||||||||||||||
Опслужуван град | Келн, Бон | ||||||||||||||||||
Местоположба | Келн, Германија | ||||||||||||||||||
Јазол за | |||||||||||||||||||
Фокусен град за |
| ||||||||||||||||||
Надморска височина | 302 ft / 92 м | ||||||||||||||||||
Координати | 50°51′57″N 007°08′34″E
| ||||||||||||||||||
Мрежно место | cologne-bonn-airport.com | ||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Статистика (2019) | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Извори: Passenger Traffic, ADV[3] |
Историја
Во 1913 година полета првиот авион од локацијата каде што сега е сместен аеродромот. По втората светска војна, Британската војска го презема и го модернизира аеродромот. Писта долго 1,886 метри е изградена, и во 1951 година, аеродромот е отворен за цивилен сообраќај. Во текот на 50-тите и 60-тите години, уште две нови писти се изградени како и нова терминална зграда. На 1 ноември 1970 година првиот Боинг 747 полетува кон Њујорк за првпат од аеродромот Келн/Бон. Во 1986 година, аеродромот беше избран од страна на United Parcel Service (UPS) за нивна централа во Европа. Во доцните 90-ти години, аеродромот започна со план за експанзија. Неколку нови паркинзи и втор терминал беше изграден, и во 2004 година нова меѓуградска железничка станица (Железничка станица "Аеродром Келн/Бон") беше изградена, и беше пуштена нова железничка линија InterCity Express (ICE) Келн - Франкфурт. Меѓу новите одредишта кои беа воведени во 2006 година е и дневна трансатлантска линија помеѓу Келн и Њуарк од страна на Continental Airlines, која оперира со авион од типот Боинг 757 - 200. Линијата ќе биде прекината на 4 септември 2008 година, поради слаб интерес кај патниците.
Нискобуџетни превозници
Во коинциденција со почетокот на неколку нискобуџетни авиопревозници во Германија, аеродромот Келн/Бон го прошири својот капацитет. Ова му овозможи на аеродромот да нуди компетитивни цени за ниско - буџетните авиопревозници. Germanwings и TUIfly започнаа операции од Келн/Бон како нивна централа во 2002 година. На нив им се придружи EasyJet во 2003 година како и WizzAir во Јуни 2006 година. Како резултат, бројот на патници во 2003 година се зголеми за 43% во споредба со 2002 година.
Превозници и одредишта
Терминал 1
- Austrian Airlines
- оперирано од Austrian Arrows (Виена)
- Cirrus Airlines (Женева)
- Germanwings (Анкара, Анталија, Атина, Барселона, Бастија, Белград, Берлин Шенефелд, Болоња, Бордо, Букурешт Банеаса, Будимпешта, Бургас, Клуж Напока, Крф, Дрезден, Даблин, Дубровник, Единбург, Фаро, Ираклион, Ибица, Истанбул Сабина Гокчен, Измир, Катовице, Кавала, Ламезија Терме, Лајпциг/Хале, Лисабон, Лондон Станстед, Малта, Марсеј, Милано Малпенза, Москва Внуково, Минхен, Ница, Осијек, Палма де Мајорка, Приштина, Пула, Рејкјавик, Родос, Рига, Рим Фјумичино, Росток, Сараево, Скопје, Соèфија, Сплит, Санкт Петербург, Стокхолм Арланда, Солун, Тирана, Варна, Верона, Виена, Варшава, Задар, Загреб, Цирих)
- Луфтханза (Берлин Тегел, Хамбург, Истанбул Ататурк, Лондон Хитроу, Минхен, Париз Де Гол)
- Ostfriesische Lufttransport (Херингсдорф)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген)
Терминал 2
- Air Europa (Палма де Мајорка)
- Air Via (Бургас, Варна)
- Arkia Israel Airlines (Тел Авив)
- Blue Air (Букурешт Банеаса, Сибиу)
- Blue Wings (Адана, Анталија, Ерзурум, Истанбул Ататурк, Кајсери, Сивас)
- Bulgarian Air Charter (Бургас, Варна)
- Condor Airlines (Анталија, Аресифе, Фаро, Фуертевентура, Хургада, Херез де ла Фронтера, Лас Палмас, Палма де Мајорка, Тенерифе)
- Cyprus Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
- Czech Airlines (Прага)
- easyJet (Лондон Гетвик)
- Euroline (Кутаиси)
- Freebird Airlines
- Germania (Палма де Мајорка)
- Inter Airlines (Истанбул Ататурк)
- InterSky (Фридирхсхафен)
- Iran Air (Техеран)
- Israir (Тел Авив)
- Karthago Airlines (Монастир)
- KLM
- KLM оперирано од KLM Cityhopper (Амстердам)
- Middle East Airlines (Бејрут)
- Nouvelair (Монастир)
- Pegasus Airlines (Истанбул Ататурк)
- Sky Airlines (Анталија)
- SunExpress (Анталија, Бодрум, Даламан, Истанбул Сабина Гокчен, Измир)
- TUIfly (Анталија, Араксос, Аресифе, Бари, Берлин Тегел, Билбао, Бодрум, Бургас, Каљари, Каиро, Калви, Катанија, Чанија, Фуертевентура, Фунчал, Грац, Гренобл, Хамбург, Инсбрук, Керкира, Клагенфурт, Кос, Ламезија Терме, Лас Палмас, Линц, Малага, Манчестер, Меминген, Монастир, Надор, Олбија, Палермо, Палма де Мајорка, Пиза, Порто, Родос, Риека, Римини, Салцбург, Тангер, Тел Авив, Тенерифе, Тунис, Валенсија, Венеција, Вестерланд)
- Turkish Airlines (Адана, Анкара, Истанбул Ататурк, Кајзери)
- Tunisair (Монастир)
- Wind Rose Aviation (Симферопол)
- Wizz Air (Гдањск, Катовице)
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.