From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Берлин-Шенефелд (германски: Flughafen Berlin-Schönefeld) (IATA: SXF, ICAO: EDDB) бил меѓународен аеродром сместен во близина на градот Шенефелд, во сојузната покраина Бранденбург, на самата јужна граница со Берлин и 18 километри југоисточно[1] од центарот на градот. Шенефелд бил главен цивилен аеродром на Источна Германија (ГДР) и единствен аеродром, кој го опслужувал Источен Берлин. Денес стана Терминалот 5 на новиот Аеродром Берлин-Бранденбург.
Аеродром Берлин-Шенефелд Flughafen Berlin-Schönefeld | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||
Оператор | FBB | ||||||||||
Опслужуван град | Берлин | ||||||||||
Местоположба | Шенефелд, Германија | ||||||||||
Отворен | 15 октомври 1934 | ||||||||||
Затворен | 25 октомври 2020 | ||||||||||
Надморска височина | 48 m / 157 ft | ||||||||||
Мрежно место | berlin-airport.de | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Берлин" does not exist | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2018) | |||||||||||
| |||||||||||
Извори: Германски AIP на EUROCONTROL[1] |
Аеродромот Шенефелд е сместен надвор од границите на градот, за разлика од аеродромот Берлин-Тегел. Но, затоа пак, проблемот со бучавата е помалку присутен во Шенефелд. Аеродромот се спои со новиот Аеродром Берлин-Бранденбург во 2020.[2]
Аеродромот Шенефелд забележува голем пораст во бројот на патници во последните години, што се должи на отворањето на свои бази на EasyJet и Germanwings. Во 2008, аеродромот опслужил 6,6 милиони патници. На почетокот на зимската сезона во 2012, Germanwings го напуштил Шенефелд и се преселил на Берлин-Тегел како последица на задоцнетото отворање на Берлин-Бранденбург.[3]
Аеродромот Шенефелд бил отворен на 15 октомври 1934, каде била сместена фабриката на Henschel. До крајот на Втората светска војна биле произведени над 14.000 воздухоплови. На 22 април 1945, аеродромот бил окупиран од советските трупи, а производството на авиони било прекинато. До крајот на 1947, била поправена железничката врска до аеродромот. Во 1946, советските воздухопловни сили се преместиле од Јоханистал во Шенефелд, вклучувајќи го и цивилниот авиопревозник Aeroflot. Во 1947, советската администрација одобрила изградба на цивилен аеродром на местото. Помеѓу 1947 и 1990, аеродромот Шенефелд бил преименуван неколкупати и конечна станал главен аеродром на ГДР (Zentralflughafen).
Одредбата во Берлинскиот конгрес по Втората светска војна била целосна забрана на германските авиопревозници во воздушниот сообраќај до Берлин, каде пристапот бил ограничен на американските, британски, француските и советските авиопревозници. Бидејќи аеродромот Шенефелд се наоѓал надвор од границите на Берлин, оваа забрана не важела. Така, авиопревозникот на Источна Германија Interflug можел да го користи аеродромот Шенефелд, додека на западногерманската Lufthansa ѝ бил забранет пристапот до аеродромите Тегел или Темпелхоф.
По повторното обединување на Германија во 1990, управувањето на трите аеродрома довело до многу високи трошоци, што довело берлинските власти да побараат единствен аеродром кој би бил поефикасен и би го намалило количеството на бучава од аеродромот во рамките на градот. Така било одлучело да се изгради аеродромот Берлин Бранденбург на местото на аеродромот Шенефелд, првично предвиден да се отвори во есента 2012. Поради различни прочини, повеќе проблеми со системот за пожар и безбедност, отворањето било одложено за 2014. Новиот аеродром ќе дели само една писта со постоечкиот. Поголем дел од стариот аеродром, вклучувајќи ги терминалите и пероните ќе доживеат комплетна урбана обнова по неговото затворање.
Аеродромот Шенефелд има четири терминали (A, B, C, D),[4] иако ова важи само за пријавувањето, додека се користи само еден заеднички излез.
Аеродромот Шенефелд ги опслужува следниве авиопревозници. Сите летови ќе бидат префрлени на новиот аеродром во 2014 (или подоцна) кога ќе се отвори новиот аеродром.
Авиопревозници | Дестинации | Пријавување |
---|---|---|
Aer Lingus | Даблин | A |
Aeroflot | Москва-Шереметјево | A |
Air Algérie | Сезонски: Алжир | A |
Air VIA | Сезонски: Бургас, Варна | D |
Belavia | Минск | A |
Bulgarian Air Charter | Сезонски: Бургас, Варна | D |
Condor | Анталија, Фуертенвентура, Мадејра, Гран Канарија, Хургада, Ланзароте, Ларнака, Тенерифе-Југ Сезонски: Бургас, Крф, Даламан, Џерба, Ираклион, Херез, Кос, Палма де Мајорка, Родос | D |
EasyJet | Агадир, Базел/Милуз, Единбург, Ливерпул, Лондон-Гетвик, Лондон-Лутон, Лондон-Саутенд, Манчестер, Маракеш, Софија | A |
EasyJet | Амстердам, Атина, Барселона, Бристол, Брисел, Будимпешта, Копенхаген, Женева, Глазгов, Лисабон, Лион, Мадрид, Малага, Милано-Малпенза, Неапол, Ница, Палма де Мајорка, Париз-Орли, Пиза, Рим-Фјумичино, Салцбург (започнува на 12 декември 2013), Тенерифе Југ, Солун, Венеција-Марко Поло Сезонски: Каљари, Крф, Дубровник, Ираклион, Миконос, Олбија, Родос, Сплит | B |
EgyptAir | Каиро | A |
El Al | Тел Авив-Бен Гурион | D |
FlyNonstop | Кристијансанд-Кјевик | A |
Freebird Airlines | Чартер: Анталија | A |
Germania | Адана (започнува на 7 ноември 2013), Бејрут (започнува на 28 октомври 2013), Фуертевентура (започнува на 2 ноември 2013), Хургада (започнува на 2 ноември 2013), Скопје (започнува на 20 декември 2013) | TBA |
Israir Airlines | Тел Авив-Бен Гурион | D |
Jet2.com | Сезонски: Лидс/Брадфорд | D |
Norwegian Air Shuttle | Берген, Копенхаген, Осло-Гардермуен, Ставангер, Стокхолм-Арланда, Трондхејм | D |
Nouvelair | Сезонски: Џерба, Енфида | A |
Pegasus Airlines | Истанбул-Сабиха Гекчен | A |
Rossiya | Санкт Петербург | A |
Ryanair | Бергамо, Даблин, Источен Мидлендс, Лондон-Станстед, Осло-Руге, Стокхолм-Скавста | A |
Sun d'Or International Airlines управуван од El Al | Сезонски: Тел Авив-Бен Гурион | D |
TAP Portugal | Лисабон | A |
Tunisair | Џерба, Енфида, Тунис | A |
WOW air | Рејкавик-Кеплавик | D |
Авиопревозници | Дестинации |
---|---|
FedEx Feeder управуван од Air Contractors | Гдањск, Париз-Шарл де Гол |
West Air Sweden | Келн/Бон |
Главното седиште на Private Wings се наоѓа на терминалот за општа авијација („Allgemeine Luftfahrt“) во посед на аеродромот Шенефелд.[6][7][8] Пред неговото пропаѓање, седиштето на источногерманскиот авиопревозник Interflug се наоѓало на самиот аеродром.[9][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.