Авалокитешвара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авалокитешвара — бодисатва во сожалување. Тој е еден од најраспространетите бодисатви во махајанскиот будизам. Во Кина, со своето културно и религиозно опкружување влијателно е тврдењето дека Авалокитешвара е од женски род, по име Гуан Јин. Во таостичката митологија се вели дека Гуан Јин не е во роднинска врска со Авалокитешвара.
Името Авалокитешвара некаде се среќава и како Падмапани („одржувач на Лотусот), а некаде и само Локешвара („господар на светот“). Во Тибет Авалокитешвара се споменува и како Ченрециг и се верува дека реинкарнирал во далај-лама, Кармапа и другите лами. Во Монголија е познат како Мидјиг Јанрајсиг, Ксонгзим Бодисадв-а, или Нидубер Ујегчи.