Абдула II (Јордан)
крал на Јордан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Абдула II бин ел-Хусеин ( арап. عبدالله الثاني بن الحسين ; роден на 30 јануари 1962 година) е крал на Јордан, кој владее од 7 февруари 1999 година. Тој е член на династијата Хашемити, кралско семејство на чело на Јордан од 1921 година и се смета за директен потомок (41-во поколение) на пророкот Мухамед.
Абдула II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Абдула во 2020 | |||||
Крал на Јордан | |||||
На престол | 7 февруари 1999 – денес | ||||
Крунисување | 9 јуни 1999 | ||||
Претходник | Хусеин | ||||
Престолонаследник | Престолонаследник Хусеин | ||||
Роден(а) | 30 јануари 1962(1962-01-30) (62 г.) Аман, Јордан | ||||
Сопружник | Ранија ел Јасин (в. 1993) | ||||
Деца Detail | Престолонаследник Хусеин Принцезата Иман Принцезата Салма Принцот Хашем | ||||
| |||||
Династија | Хашемити | ||||
Татко | Хусеин од Јордан | ||||
Мајка | Муна Ал-Хусеин | ||||
Вероисповед | Сунитски ислам | ||||
Потпис | |||||
Воена служба | |||||
Држава | Јордан | ||||
Род | Јордан Army | ||||
Служба | 1982–денес | ||||
Чин | Фелдмаршал | ||||
Абдула е роден во Аман како прво дете на кралот Хусеин и неговата втора сопруга принцезата Муна. Како најстар син на кралот, Абдула бил престолонаследник додека Хусеин не ја префрлил титулата на чичкото на Абдула, принцот Хасан, во 1965 година. Неколку недели пред неговата смрт во 1999 година, кралот Хусеин го именувал својот најстар син Абдула за свој наследник.
Абдула, како уставен монарх, ја либерализирал економијата по преземањето на тронот, а неговите реформи довеле до економски бум кој продолжил до 2008 година. Во текот на следните години , економијата на Јордан доживеала потешкотии поради ефектите од Големата рецесија и Арапската пролет, како и поради прекинувањето на трговските односи со соседните земји. Во 2011 година, во арапскиот свет избија големи протести со барање реформи.
Абдула е популарен на локално и на меѓународно ниво поради одржување на стабилноста на Јордан и е познат по промовирањето на меѓуверскиот дијалог и умереното разбирање на исламот. Како актуелен арапски лидер кој најдолго владее, во 2016 година од страна на Кралскиот исламски центар за стратегиски студии бил оценет како највлијателниот муслиман во светот.[1] Абдула е чувар на муслиманските и христијанските свети места во Ерусалим, позиција која неговата династија ја има уште од 1924 година.[2] По протекувањето на „Пандорините документи“ во 2021 година и „ Кредит Свис“ во 2022 година откриле дека Абдула има огромно богатство кое го маскирал преку офшор компании и даночни раеви.[3][4]