Абасидски Калифат
From Wikipedia, the free encyclopedia
Абасидски Калифат или Абасиди (арапски: ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة, al-Khilāfatu al-‘Abbāsīyah) — трет од исламските калифати кои го наследиле исламскиот пророк Мухамед. Династијата Абасиди потекнува од вујкото на Мухамед, Абас ибн Абд ал-Муталиб (566-653 н.е.), според кого династијата го носи своето име[1]. Тие владееле како калифи во најголем дел од нивниот период од нивниот главен град во Багдад во денешен Ирак, по преземањето на власта над муслиманската империја од Омејадите во 750 година.
Абасидски Калифат ٱلْخِلافَةُ ٱلْعَبَّاسِيَّة
| |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||||
Flag | |||||||||||||||||||||
Статус | Царство | ||||||||||||||||||||
Главен град | |||||||||||||||||||||
Говорени јазици | арапски | ||||||||||||||||||||
Вероисповед | Сунизам | ||||||||||||||||||||
Уредување | Калифат | ||||||||||||||||||||
калиф | |||||||||||||||||||||
• 750–754 | Ас-Сафах (first) | ||||||||||||||||||||
• 1242–1258 | Ел Мустази (последен калиф во Багдад) | ||||||||||||||||||||
• 1508–1517 | Ел Мутавакил III (последен калиф во Каиро) | ||||||||||||||||||||
Историја | |||||||||||||||||||||
• Основана | 750 | ||||||||||||||||||||
• Престанала да постои | 1517 | ||||||||||||||||||||
Валута |
| ||||||||||||||||||||
|
Калифатот на Абасидите во почетокот својата администрција ја имала во градот Куфа, но во 762 година калифот Ел Мансур го основал градот Багдад, во близина на главниот град Ктесифон. Периодот на Абасидите бил обележан со потпирање во преден план на персискирте бирократи (особено семејството Бармакиди) за владеење на териториите освоени од арапските муслимани, како и зголемено вклучување на неарапските муслимани во Умата. Персиските обичаи биле широко прифатени од владејачката елита и започнале да ги поддржуваат уметниците и научниците[2]. Багдад станал центар на науката, културата, филозофијата и иновациите за време на Златното доба на исламот.
И покрај оваа првична соработка, Абасидите од крајот на 8 век ги отуѓиле неарапските мавали[3] и иранските бирократи[4]. Тие биле принудени да се откажат од авторитетот над ел-Андалус и Магреб до Омејадите, Мароко до династијата Идрисиди, Ифрикија до Аглабидите и Египет до шиитскиот калифат на Фатимидите. Политичката моќ на калифите во голема мера завршила со подемот на иранската Бујидска династија и Селџуците. Иако раководството на Абасидите над огромната исламска империја постепено се сведувала на церемонијална религиозна функција, династијата ја задржала контролата над своите месопотамски области.
Овој период на културно остварување завршил во 1258 година со зазимањето на Багдад од страна на Монголците под Хулегу хан. Абасидската линија на владетели и муслиманската култура воопшто, повторно се центрирала во главниот град на Мамелуците, Каиро, во 1261 година. Иако недостасувало политичка моќ, династијата продолжила да бара авторитет во религиозните прашања сè до османлиското освојување на Египет во 1517 година[5].